Основно училиште „Пецо Даскалот“ (официјално: Подрачно основно училиште „Пецо Даскалот“ - Сенокос; скратено: ПОУ „Пецо Даскалот“) — подрачно основно училиште во селото Сенокос, составен дел на истоименото училиште во селото Долнени.

Училиштето е именувано по македонскиот партизан Пецо Даскалот.

Местоположба

Училиштето се наоѓа во средишниот дел на селото.

Настава

Во училиштето се изведува настава од прво до петто одделение и наставата се изведува единствено на македонски наставен јазик во 2 паралелки.

Наводи

Категорија:Основни училишта во Општина Долнени Сенокос Категорија:Сенокос (Прилепско)