Свети Никола — главна селска црква во прилепското село Лажани, Македонија.
Црквата се наоѓа надвор од селото. Околу нејзе се наоѓаат селските гробишта.
Местоположба
Црквата е сместена надвор од селото Лажани и до нејзе води асфалтиран пат.
Историја
Црквата е изградена во периодот од 1987 до 1989 година. Дарители на храмот биле жителите на Дебреште, Пешталево, Средорек, Секирци, Маргари, Ропотово, Кошино, Кривогаштани, Селце, Белица, Костинци, Долгаец; значителни придонеси дале Ж. Талески од Саждево и Р. Димоски од Црнилиште.
Храмот е осветен на 7 мај 1989 година од митрополитот Петар Охридско-битолски.
Архитектура Иконостас
Храмот има резбан иконостас од дрво, дело на охридските копаничари Никола Пљаковски и Цветан Николовски.
Галерија
Поврзано Прилепско архијерејско намесништво Ропотовска парохија Лажани
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Лажани Лажани