Владимир Симоновски (4 април 1974, Битола) — македонски ликовен уметник .

Животопис Владимир Симоновски е роден на 4 април 1974 година, во Битола, каде го завршил основното и средното образование.

Студирал Машински факултет - Скопје при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Дипломирал на Факултетот за ликовни уметности - Скопје - отсек вајарство во класата на професорот Бедим Ибрахим при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.

Бил претседател на Друштво на ликовните уметници - Битола од 2010 до 2014 година.

Творештво Автор е на повеќе самостојни изложби, а учествувал и на бројни групни изложби во Македонија и странство.

Самостојни изложби Битола, Прилеп, Кавадарци, Струга од 2011 до 2018 Кинотека на Македонија, Скопје, Битола - Магаза, 2020 „Рудименти“, Нова сцена, Центар за култура Битола, 2021

Групни изложби „Vernissage“, Битола, 1995 „Transform“, Истанбул, Турција, 2009 „Art Muse“, Битола 2013, 2014, НУ Завод и музеј-Битола Меѓународно графичко триенале Битола, Битола, 2013, 2021 Меѓународно графичко триенале на графики од мал формат - Шамалиер, Франција - Triennale Mondiale de l'Estampe Chamalières , 2011 „Time collectors“, Даут-пашин амам, Скопје, НУ Завод и музеј-Битола, 2014Time_collectors Традиционални Четвртоноемвриски изложби на Друштвото на ликовни уметници од Битола од 2014-2021

Сценографии Учествувал и во дизајнирањето на неколку театарски претстави: Сценографија за претставата „Јов“ од Венко Андоновски во режија на Сашо Миленковски, Драмски театар Скопје, 2016 „Буре барут“ од Дејан Дуковски во режија на Сашо Миленковски, Драмски театар Скопје, 2020 „Дух“ – од Дејан Дуковски во режија на Сашо Миленковски, Народен Театар Охрид, 2021

Награди Награда за рекламен материјал на МТФ „Војдан Чернодрински“ , Прилеп, за претставата „Јов“ , 2016 Четвртоноемвриска награда на ДЛУБ, за најдобро ликовно остварување во 2018-2019 Почесна награда за придонес во светското графичко творештво на 10 Меѓународно графичко триенале Битола, 2021

Литература „Куферот на Макс Фриш“, 2020The-Suitcase-of-Max-Frisch „Рудименти“, 2021Rudiments Изложба - Владимир Симоновски и Владо ЃорескиВладимир Симоновски, Владо Ѓорески

Наводи

Категорија:Македонски уметници