мини|350п|Местата на главните настани за време на Норманското освојување на Англија во 1066 г. Норманското освојување на Англија било инвазија и окупација на Англија во 1066 година од армијата предводена од војводата од Нормандија, подоцна наречен Вилијам Освојувачот.

Потекло на Норманите Во 911 година, Каролиншкиот француски владетел Карло Едноставниот им дозволил на група Викинзи да се населат во Нормандија. За добиената земја Норвежаните требало да го бранат брегот на Нормандија од понатамошни викиншки освојувачи.Bates Normandy Before 1066 pp. 8–10 Викинзите во тој регион станале познати како „Северњаци“ (латински: Northmanni) и од овој термин потекнуваат термините „Нормандија“ и „Нормани“.Crouch Normans pp. 15–16 Норманите многу брзо ја прифатиле домородната култура и биле асимилирани од Французите, а при тоа се откажале од паганството и го прифатиле христијанство.Bates Normandy Before 1066 p. 12 Го прифатиле и оилскиот јазик, но додале некои одлики од нивниот нордиски јазик, по што настанал норманскиот јазик.Bates Normandy Before 1066 pp. 20–21 Тие ги прошириле границите на војводството, и кон неа ги приполе териториите: Бесин, полуостровот Котантен и Авранш.Hallam and Everard Capetian France p. 53

Во 1002 година, англискиот крал Етелред II Неспремниот се оженил со Ема од Нормандија, сестра на Ричард II, војводата од Нормандија.Williams Æthelred the Unready p. 54 Нивниот син Едвард Исповедникот, кој поминал многу години во егзил во Нормандија, го наследил англискиот престол во 1042 година.Huscroft Ruling England p. 3 По ова норманите се заинтересирале за англиската политика. Поради тоа што Едвард немал деца, војводата Вилијам од Нормандија покажувал амбиции за англискиот престол.Stafford Unification and Conquest pp. 86–99

По смртта на кралот Едвард на почетокот од 1066 година, се појавиле неколку претенденти кои тврделе дека треба да го наследат престолот на Англија.Higham Death of Anglo-Saxon England pp. 167–181 Грофот од Весекс, Харолд Годвинсон, бил избран и крунисан за крал.Walker Harold pp. 136–138 Харолд веднаш бил предизвикан од двајца моќни соседни владетели. Војводата Вилијам тврдел дека кралот Едвард му го ветил престолот и дека Харолд се заколнал дека ќе се согласи со тоа;Bates William the Conqueror pp. 73–77 Кралот Харалд III од Норвешка, попознат како Харалд Хардрада, исто така го оспорил крунисувањето. Тој се повикувал на договорот помеѓу неговиот претходник, Магнус Добриот, и претходниот англиски крал (Хартакнут), според кој ако еден од нив умре без наследник, другиот ќе ги наследи Англија и Норвешка.Higham Death of Anglo-Saxon England pp. 188–190 Вилијам и Харалд почнале да собираат војска и бродови за да ја нападнат Англија.Huscroft Ruling England pp. 12–14

Норвешката инвазија На почетокот од 1066 година, прогонетиот брат на Харолд, Тостиг Годвинсон, со флотата што ја регрутирал во Фландрија ја нападнал југоисточна Англија. Затоа што таму го дочекала флотата на Харолд, Тостиг заминал на север и извршил напад на Источна Англија и Линколншир, но неговиот напад бил одбиен. Откако го напуштиле многу од неговите следбеници, Тостиг се повлекол во Шкотска, и почнал да регрутира нови сили.Walker Harold pp. 144–145 Кралот Харолд кој со голема војска бил на јужниот брег во очекување на инвазијата од Вилијам. На 8 септември, откако видел дека Норманите не напаѓаат, ја распуштил војската затоа што требало да ги жнеат посевите.Walker Harold pp. 144–150

Хардрада на почетокот на септември со 300 брода и петнаесет илјадна војска ја нападнал северна Англија. Кон неговата војска се приклучиле и силите на Тостиг. На 20 септември, во Битката кај Фулфорд Норвежаните ја поразиле англиската војска и продолжиле да напредуваат кон Јорк.Walker Harold pp. 154–158Marren 1066 pp. 65–71

Хардрада го завзел Јорк, и со првенците од градот како заложници (на 24 септември) Норвежаните се преселиле до селцето Стемфорд Бриџ.Marren 1066 p. 73 Кралот Харолд, во средината на септември, дознал за норвешката инвазија и се упатил на север. На кралските сили им биле потребни девет дена за да го поминат растојанието од Лондон до Јорк, во просек речиси 40 км на ден. Утрото на 25 септември, силите на Харолд стигнале во ЈоркMarren 1066 pp. 74–75 и ги изненадиле Норвежаните, победувајќи ги во Битката кај Стемфорд Бриџ. Харалд и Тостиг погинале во битката, а војската на Норвежаните била десеткувана. Меѓутоа, ова било скапа победа за Англичаните затоа што армијата на Харолд била ослабнета и далеку од Ла Манш.Walker Harold pp. 158–165

Норманската инвазија

Норманската подготовка и нивните вооружени сили Вилијам собрал огромна армија од Нормандија и од цела Франција.Bates William the Conqueror pp. 79–89 Армијата била стационирана во Сен Валери-сур-Сом и била подготвена да го премине Англискиот Канал во средината на август.Douglas William the Conqueror p. 192 Не е познат точниот број и состав на силите на Вилијам.Gravett Hastings pp. 20–21 Еден современ документ тврди дека Вилијам имал 726 бродови.Bennett Campaigns of the Norman Conquest p. 25 Современите историчари понудија низа проценки за големината на силите на Вилијам: Армија од 7000–8000 луѓе, од кои 1000–2000 коњаници;Bennett Campaigns of the Norman Conquest p. 26 10.000–12.000 пешадија;Lawson Battle of Hastings pp. 163–164 10.000-на армија, од кои 3.000 коњаници;Marren 1066 pp. 89–90 и 7500 пешадија.

Стигнување во Англија лево|мини| Пристигнувањето во Англија (сцена од таписеријата од Баје). Норманите пристигнале во Англија неколку дена по победата на Харолд над Норвежаните кај Стемфорд Бриџ на 25 септември. Тие се истовариле во Певенси во Сасекс на 28 септември и направиле дрвена тврдина во Хејстингс, од каде што ја напаѓале околината.

Харолд, откако ги поразил својот брат Тостиг и Харалд Хардрада на север, оставил голем дел од својата армија таму и со остатокот од војската се упатил на југ за да се справи со норманската инвазија.Carpenter Struggle for Mastery p. 72 Иако Харолд се обидел да ги изненади Норманите, норманските извидници го најавиле пристигнувањето на Англичаните. Вилијам ја повел својата војска и напредувал кон непријателот.Lawson Battle of Hastings pp. 180–182 Харолд зазел одбранбена позиција на врвот на ридот Сенлак на околу 9,7 км од тврдината на Вилијам во Хејстингс.Marren 1066 pp. 99–100

Се смета дека бројката на англиски војници кај Хејстингс била помеѓу 7000 и 8000 војници.Gravett Hastings pp. 28–34Marren 1066 p. 105

Битката кај Хејстингс

десно|мини| Смртта на Харолд (таписерија Баје) Битката започнала околу 9 часот на 14 октомври 1066 година и траела цел ден.Huscroft Norman Conquest p. 126 Иако армиите биле бројно еднакви, Вилијам имал и коњаница и пешадија во која имало и многу стрелци, а Харолд имал само пешадија со малку стрелци.Carpenter Struggle for Mastery p. 73 Англиските војници формирале штитен ѕид по сртот и на почетокот биле многу ефикасни, така што ја одбиле војската на Вилијам која претрпела големи загуби. Некои од бретонските трупи на Вилијам се испаничиле и побегнале, а некои од англиските војници ги бркале. Норманската коњаница потоа ги нападнала и ги убила трупите што ги бркале. Норманите трипати направиле лажно повлекување, за да ги искушат на Англичаните да почнат да ги бркаат и по што норманската коњаница ќе ги нападне.Huscroft Norman Conquest pp. 127–128 Пресуден настан била смртта на кралот Харолд, за која има повеќе верзии. Вилијам Џумигес тврдел дека Харолд бил убиен од војводата. Според други верзии Харолд умрел од раната откако бил застрелан во главата.Huscroft Norman Conquest p. 129 Други извори наведуваат дека никој не знае како умрел Харолд, бидејќи битката била многу блиску до кралот, а војниците не можеле да видат кој му го задал фаталниот удар.Marren 1066 p. 137

Последици од Битката кај Хејстингс Ден по битката, телото на Харолд било идентификувано. Телата на загинатите Англичани, биле оставени на бојното поле.Huscroft Norman Conquest p. 131 Гита, мајката на Харолд, му понудила на Вилијам злато колку што тежи телото на нејзиниот син за да ѝ го предаде, но тој ја одбил понудата. Вилијам наредил телото на Харолд да се фрли во морето, но не се знае дали е така направено. Според друга верзија Харолд бил закопан на врвот на некое ритче.Marren 1066 p. 146 Подоцнежните легенди тврдат дека Харолд не загинал во Хејстингс, туку избегал и станал пустиник во Честер.Gravett Hastings p. 81

По победата кај Хејстингс, Вилијам очекувал да стане англиски крал, но Витенаџмот за крал го прогласиле Едгар Етелинг.Douglas William the Conqueror pp. 204–205 Затоа Вилијам преку Кент тргнал за Лондон. Попатно ги поразил англиските сили кои го нападнале кај Садарк, но не можејќи да го нападне Лондонскиот мост, тој се обидел да стигне до главниот град по заобиколен пат.Douglas William the Conqueror pp. 205–206

Вилијам ја преминал Темза кај Волингфорд (во Беркшир). Едгар не можел да собере доволно војска за да му се спротивстави на Вилијам, и затоа неговите главни поддржувачи го напуштиле, а англиските водачи му се предале на Вилијам во Беркхамстед, Хертфордшир. На 25 декември 1066 година, во Вестминстерската опатија, Вилијам бил крунисан за крал на Англија. Вилијам останал во Англија до март 1067 година, по што се вратил во Нормандија со англиските затвореници, меѓу кои и Стиганд, Моркар, Едвин, Едгар Етелинг и Валтеоф.Huscroft Norman Conquest pp. 138–139

Последици

Замена на елитата Како директна последица на инвазијата се јавила речиси целосната елиминација на старата англиска аристократија и Англичаните ја изгубиле контролата врз Католичката црква во Англија. Вилијам систематски им го одземал имотот на англиските земјопоседници и им го доделувал на нормани. Ова било голема кампања за експропријација, така што до 1086 година само околу 5 отсто од земјиштето во Англија јужно од Тис било оставено во рацете на Англичаните.Thomas English and Normans pp. 105–137Thomas "Significance" English Historical Review pp. 303–333

Англичаните биле отстранети и од високите владини и црковни функции. Англичаните само повремено биле назначувани за шерифи. Исто така, во Црквата, високите англиски функционери или биле отстранети од позицијата или биле заменети со странци по нивната смрт. До 1096 година ниту една епископија не била во рацете на Англичанец, а ретки биле и англиските игумени, особено во поголемите манастири.Thomas English and Normans pp. 202–208

Англиско исселување По освојувањето, многу англосаксонци побегнале од земјата Ciggaar Western Travellers pp. 140–141 во Шкотска, Ирска или Скандинавија.Daniell From Norman Conquest to Magna Carta pp. 13–14 Членовите на семејството на кралот Харолд Годвинсон побарале засолниште во Ирска и оттаму имале неуспешни инвазии на Англија.Huscroft Norman Conquest pp. 140–141 Во 1070-тите, група англосаксонци во флота од 235 бродови отпловиле за Византиската империја. Византија станала популарна дестинација за многу англиски благородници и војници, затоа што на Византијците им требале платеници. Некои од англиските мигранти биле населени во византиските погранични региони на брегот на Црното Море и основале градови кои ги нарекле Њу Лондон и Њујорк.

Наводи

Категорија:Англија во 11 век Категорија:Воена историја на Англија Категорија:Историја на Нормандија Категорија:Средновековна Англија Категорија:Нормани