Никола Кесаровски (околу 11 ноември 1944 – 29 август 2007) ― бугарски писател на научна фантастика.

Неговата најпозната книга е Петтиот закон за роботиката, објавена во 1983 година, а насловот е навод на Трите закони за роботиката на Исак Асимов, а петтиот закон е дека роботот мора да знае дека е робот.

Обожувателскиот дружок на научна фантастика „Фантастика“ бил основан од него во 1997 година во градот Крџали, во јужниот дел на Бугарија. Клубот има страница во „Нов Живот“ - службениот весник во Крџали - и до крајот на 2003 година имал објавено преку 60 изданија. Го уредувал и списанието „Космос“.

Тој, исто така, бил организатор и љубезен домаќин на годишниот бугарски научнофанатастичен фестивал „Булгакон 2002“, кој бил одржан во Крџали. На фестивалот присуствувале над 900 учесници.

Кесаровски се самоубил во 2007 година скокајќи од прозорец на седми кат во болница во Крџали.

Наводи

Категорија:Починати во 2007 година Категорија:Родени во 1944 година Категорија:Бугарски писатели Категорија:Самоубијци