Рождество на пресв. Богородица — црква во прилепското Кадино Село, претставник на Македонската преродба. Му припаѓа на Прилепското архијерејско намесништво во Преспанско-пелагониската епархија на МПЦ - ОА.
Црквата е гробишен храм, сместен во југозападниот дел на селото. Изградена е во 1862 година. Претставува еднокорабна засводена градба. Во 1980 година настрадала од пожар во кој изгорил инвентарот. Истат година храмот е обновен. Во црковниот двор е гробот на македонскиот револуционер Методија Патчев кој загинал во Кадино Село во 1902 година.
Поврзано Малокоњарска парохија Прилепско архијерејско намесништво
Наводи
Кадино