Св. Троица (или Св. Дух) — црква во градот Ресен. Му припаѓа на Ресенското архијерејско намесништво во Преспанско-пелагониската епархија на МПЦ - ОА.

Црквата е храм на православните гробишта сметени во југозападниот дел од градот. Изградена е во 1929 година, како што е означено однадвор на нејзиниот источен ѕид. Обновена е во 2016 година и осветена на 28 мај од митрополитот Петар Преспанско-пелагониски.

Поврзано Прва ресенска парохија Ресенско архијерејско намесништво

Наводи

Ресен