Света Петка — главна селска црква во кумановското село Руѓинце, Македонија.

Црквата претставува главна парохиска црква на Карпинско-жегљанската парохија.

Местоположба

Црквата се наоѓа во Горно Руѓинце во близина на месноста Грамада, каде некогаш имало селиште. Околу црквата се наоѓаат селските гробишта.

Црквата е во непосредна близина на државниот пат А2.

Историја

Таа била изградена во 1894 година, а била обновена во 1921 година. За време на турскиот период, црквата била срушена.

По изградбата бил дограден трем од западната и делумно од јужната страна, кој се потпира на камени столбови.

Архитектура

Претставува трикорабен бескуполен гробиштен храм. Има каменни релјефни украси.

Црквата претставува масивна градба со фасадна обработка од правилно клесани камени блокови и камена пластика застапена кај двата влезни портали (од запад и југ). Градбата е во добра состојба, без видливи конструктивни оштетувања.

Во поново време биле изведени армирано-бетонски столбови на западниот фасаден ѕид. Дополнително во средишниот дел од кровот на тремот нестручно била изведена метална кровна конструкција со лим. Покривот на црквата бил сменет со ќерамиди и биле поставени олуци.

Фрескоживопис

Во внатрешноста на црквата нема ѕидно сликарство. Во плитката ниша над западниот влез е насликана Света Петка.

Во внатрешниот трикорабен простор состојбата е добра, освен на површините во олтарниот дел е лоша каде се забележуваат повеќе дијагонални пукнатини, со различна должина и широчина, со видно отпаднати поголеми/помали делови од малтер во правецот на пукнатината.

Галерија

Поврзано Кумановско-кратовско архијерејско намесништво Карпинско-жегљанска парохија Руѓинце

Наводи

Надворешни врски

Детален извештај за мониторинг од ИКОМОС Македонија

Руѓинце