Св. Илија Долни — црква во скопското село Мирковци, Општина Чучер-Сандево, храм на Чардачкиот манастир. Му припаѓа на Северноскопското архијерејско намесништво во Скопската епархија на МПЦ - ОА.
Црквата е сместена на падините на Скопска Црна Гора, јужно од Мирковци и источно од Глуво. Се наоѓа во месноста Чардак, поради што манастирот е наречен Чардачки. До оваа црква е сместена и црквата „Св. Богородица“. Иконостасот е дело на видниот живописец Нестор Алексиев Мирчевски.
Историја мини|лево|Иконостасот Според Георги Трајчев, црквата е изградена е во 1879 г. од монахот Софрониј, родум од Мирковци, на својот личен имот и ја ставил под јурисдикција на Бугарската егзархија на која ѝ служел. Намерно ја нарекол „Св. Ѓорѓи“ со цел да ги одвлече посетителите на истоимената манастирска црква во Бањане, која била под раководство на српската (патријаршиска) струја.
Почнувајќи од 1905 г. српската струја почнала да навлегува во службата и управата и на мирковската црква, што предизвикало бурни реакции. Така, борбата помеѓу двете пропаганди продолжила ожесточено до самиот крај на отоманската држава.
Поврзано Чардачки манастир Северноскопско архијерејско намесништво
Наводи
Надворешни врски
Мирковци Категорија:Дела на Дебарската школа