„Поход“ – југословенски филм од 1968 година, во режија на Ѓорѓе Кадијевиќ. Главните улоги ги толкуваат: Слободан Перовиќ, Јанез Врховец, Северин Бијелиќ и Душан Јаниќијевиќ.РТС, Поход (пристапено на 1.1.2022)
Синопсис Дејствието на филмот се одвива за време на Втората светска војна. Германска казнена експедиција минува низ едно село и ги убива жителите, а преживуваат само еден селанец и неговото теле. Бегајќи до воените опасности, кај селанецот се јавува длабока приврзаност кон телето кое сака да го заштити по секоја цена. По ослободувањето на селото, војската која врши откуп на добитокот и нему му го одзема телето. Меѓутоа, селанецот го краде телето и го крие на селските гробишта. Поради кражбата, власта го затвора селанецот, а по излегувањето од затворот, тој го наоѓа мртвото теле.
Наводи
Категорија:Југословенски филмови Категорија:Српски филмови Категорија:Филмови на српски јазик Категорија:Филмови на српскохрватски јазик Категорија:Филмови од 1968 година Категорија:Филмови на Ѓорѓе Кадијевиќ Категорија:Филмови со Јанез Врховец Категорија:Филмови со Северин Бијелиќ Категорија:Филмови со Душан Јаниќијевиќ Категорија:Филмови за Втората светска војна