„Патот на запад“ (англиски: The Way West) — американски филм од 1967 година, во режија на Ендру Маклеглен (Andrew V. McLaglen), снимен по сценариото на Мич Линдеман (Mitch Lindemann), засновано врз истоимениот роман на А. Б. Гатри (A. B. Guthrie Jr.). Главните улоги ги толкуваат: Роберт Мичам (Robert Mitchum), Кирк Даглас (Kirk Douglas) и Ричард Видмарк (Richard Widmark), Сали Филд (Sally Field), Лола Олбрајт (Lola Albright), Кетрин Џастис (Katherine Justice) и Џек Елам (Jack Elam).РТС, Пут на запад (пристапено на 2.1.2022) Филмот претставува епски вестерн во кој се опишува пробивањето на караваните со бестрашните пионери во населувањето на Дивиот Запад. Тој е снимен во времето кога полека почнале да се појавуваат првите траги на идната политичка коректност, така што во него на Индијанците им е вратен дел од достоинството, а белците не се прикажани како безгрешни. Инаку, ова е првиот филм на тогашната малолетна глумица Сали Филд.Put na zapad, američki film (пристапено на 15.12.2024)
Синопсис Во средината на 19 век, од брегот на реката Мисури заминуваат бројни каравани со луѓето кои сакаат да започнат нов живот на Дивиот Запад. Еден караван го предводи поранешниот сенатор Вилијам Тедлок (го игра Даглас), човек со непоколеблив карактер, кој сонува да изгради нов град во Орегон. За водич на караванот, тој го избира искусниот извидник Дик Самерс (го игра Мичам), кој по смртта на сопругата води повлечен, осамен живот, но ја прифаќа понудата на Тедлок, зашто во неа гледа предизвик. Минувајќи низ индијанските земји, караванот се соочува со бројни искушенија...
Наводи
Категорија:Американски филмови Категорија:Вестерни Категорија:Филмови на англиски јазик Категорија:Филмови од 1967 година Категорија:Филмови на Ендру Маклеглен Категорија:Филмови со Ричард Видмарк Категорија:Филмови со Кирк Даглас Категорија:Филмови со Роберт Мичам Категорија:Филмови со Лола Олбрајт Категорија:Филмови со Кетрин Џастис Категорија:Филмови со Џек Елам Категорија:Филмови со Сали Филд Категорија:Филмови засновани на романи