Завир–Среден Брег — археолошко наоѓалиште во прилепското село Вепрчани. Претставува средновековна населба.
Местоположба
Се наоѓа на околу 300 метри јужно од селото, на зарамнето плато.
Опис
На наоѓалиштето се гледаат две корита поврзани со канал за истекување долг 15 и широк 10 сантиметри, кои веројатно служеле за гмечење грозје.
Поврзано Вирои — средновековна населба; Градиште — некропола од железното време; Селска црква — осамен наод од римското време; Солишта - Пазалка — некропола од хеленистичкото и римското време; Св. Димитрија — црква од средниот век; Сламите — тумул од непознат период; Чукарките — неопределено од непознат период; Вепрчани; Список на археолошки наоѓалишта во Прилепско;
Наводи
Категорија:Вепрчани