Грамаѓе–Голем Дол — археолошко наоѓалиште во прилепското село Дуње. Претставува населба од римско време.

Местоположба

Наоѓалиштето се наоѓа 3 километри северно од селото, од левата страна на патот за Лигураса.

Опис

На наоѓалиштето на две помали тераси има грамади од градежен материјал и ѕидови од објекти, а по површината множество од керамички садови и покривни ќерамиди.

Поврзано Баево Трло — некропола од римското време; Дејчин Гроб — населба од доцноантичкото време; Малево Село - Лигураса — населба од римското време; Прчинога — населба од неолитското и доцноантичкото време; Трпчева Црква — населба, црква и некропола од средниот век; Големиот Рид — населба и некропола од античкото време; Милошева Тумба — населба од железното време; Радорид — тумули од железното време; и Шкретови Плочи — населба од античкото време. Дуње; и Список на археолошки наоѓалишта во Прилепско.

Наводи

Категорија:Дуње