Али Чаир — археолошко наоѓалиште во градот Прилеп. Претставува населба од неолитско и римско време При изградбата на новата населба Али Чаир, на улицата „Душко Наумовски“ бр. 12, со ископувањата во 1968 и 1972 година е утврден културен слој со еден хоризонт на живеење, поточно, остатоци од населба од доцниот неолит. На околу 100 м северно, на местото каде што се наоѓа Зоолошката градина, исто така при градење на станбени згради се откриени темели од ѕидови градени од кршен камен и варов малтер, како и множество фрагменти од керамички садови, покривни ќерамиди и архитектонски елементи од мермер. Во непосредната близина се најдени и две плочки од мермер со релјефна претстава на божиците Венера и Минерва. Наодите се чуваат во Заводот и музеј во Прилеп.Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. стр. 308, Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069
Поврзано Баба — тврдина и депо на монети од доцноантичкото време; Бакалница — некропола од доцноантичкото време; Болница - Учителско Училиште — населба од неолитското, некропола од железното и осамен наод од римското време; Бончеица — населба и некропола од доцноантичкото време; Долно Садово — населба од неолитското време; Каменица — населба од бакарното време; Караташ — некропола од римското време; Касарни — некропола од железното време; Кладенец — Случајни наоди - монети од римското време; Крклари — некропола од хеленистичкото време; Кукул — населба од римското време; Куршумли-ан — осамени наоди од римското време; Параклис — осамен наод од римското време; Поводеници — Случаен наод од римското време; Силос — некропола од римското време; Тополка - Шилево — некропола од доцноантичкото време; Тражица — фурна од римското време; Прилеп; Список на археолошки наоѓалишта во Прилепско; Список на средновековни некрополи во Македонија.
Наводи
Категорија:Прилеп