Баба — археолошко наоѓалиште во градот Прилеп. Претставува тврдина депо на монети од доцноантичко време. Во непосредната близина на карпата што се вика Баба, оддалечена 5 км североисточно од градот, а на левата страна од патот Прилеп-Велес преку Бабуна се откриени масивни ѕидови градени од крупен камен. По површината има грамади од кршен камен и покривни ќерамиди. Најдено е депо на монети од 51 фолиси и полуфолиси, сите од VI век. Монетите се чуваат во Заводот и музеј во Прилеп.Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. стр. 308, Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069.

Поврзано Али Чаир — населба од неолитското и римското време; Бакалница — некропола од доцноантичкото време; Болница - Учителско Училиште — населба од неолитското, некропола од железното и осамен наод од римското време; Бончеица — населба и некропола од доцноантичкото време; Долно Садово — населба од неолитското време; Каменица — населба од бакарното време; Караташ — некропола од римското време; Касарни — некропола од железното време; Кладенец — Случајни наоди - монети од римското време; Крклари — некропола од хеленистичкото време; Кукул — населба од римското време; Куршумли-ан — осамени наоди од римското време; Параклис — осамен наод од римското време; Поводеници — Случаен наод од римското време; Силос — некропола од римското време; Тополка - Шилево — некропола од доцноантичкото време; Тражица — фурна од римското време; Прилеп; Список на археолошки наоѓалишта во Прилепско; Список на средновековни некрополи во Македонија.

Наводи

Категорија:Прилеп