Арно.мк - македонски портал за наука, уметност, култура, екологија и образование основан од Бранко Прља и Владимир Карер. Воедно е и платформа за граѓански иницијативи, особено од областа на екологијата, и во соработка со Капка како и издавач на повеќе едукативни книги. Постои од 2019 година.
Мисија Како мисија на порталот е наведено: „Нашата идеја е да се стремиме кон „доброто“ како принцип. Сите теми и текстови објавени на овој портал имаат мисија да ги подобрат работите во нашето општество, да известат за добрите трендови во светот и ако понекогаш зборуваме за лошите појави тоа го правиме со цел да влијаеме на позитивно разрешување на истите (пр. екологија).“
Еколошки иницијативи Арно.мк е одговорен за повеќе еколошки иницијативи на социјални медиуми меѓу кои:
„Дај, не фрлај“, платформа за споделување предмети, продолжена употреба, реупотреба и заштита на околината со повеќе од 50.000 членови. Како движење, заедно со сите други групи кои произлегле од главната, бројот на членовите е 2-3 пати поголем. „Не фрлај, не загадувај“, еколошка група за документација на депонии и прописно фрлање отпад, за подобро селектирање и унапредување на рециклирањето. „Кеса, не благодарам. Торба си носам!“, еко-група која се залага за воведување на законот за забрана на кесите (пред воведувањето на истиот) и за користење на реупотребливи торби во пазарењето. Воедно се залага за општа намалена употреба на пластиката. „Еколошко, евтино, ефикасно“, иницијатива за намалување на употребата на штетни материјали во домаќинството и нивната замена со еколошки и органски. „И јас одам со велосипед на работа“, иницијатива за возење велосипед како еколошко, евтино и здраво превозно средство.
Едукативни содржини Арно.мк, во соработка со Капка, е автор и на други проекти како:
Единствениот специјализиран агрегатор за вести од науката во Македонија science.mk
Преку платформата Арно.мк се издадени повеќе книги како:
Необични факти од животот на Алберт Ајнштајн (2017, Бранко Прља) Необични факти од животот на Никола Тесла (2017, Бранко Прља) Јаболкото на Њутн (2018, Бранко Прља) Неверојатниот живот на Стивен Хокинг (2019, Бранко Прља) Made In China – Кинески изуми (2019, Бранко Прља) 25 факти за аерозагадувањето и начини да го намалиш (2020, Бранко Прља и Владимир Карер) Мустаќлии кои го смениле светот (2021, Исак Сима) Вселенскиот пионер Јуриј Гагарин (2021, Бранко Прља) „Од кој филм беше?“ – 150 сцени од познати филмови (2021, Берт Стајн) 99.9 тотално забавни и сосема бескорисни факти… (2021, Исак Сима) Забавни факти за диносаурусите и други ужасно големи гуштери (2021, Нина Прља) „Дај, не фрлај – од Фејсбук група до еко-револуција! (2021, Бранко Прља и Владимир Карер) „Пекол“но добро дело на Данте! (2021, Нина Прља)
За тимот Директор и главен уредник на порталот е Бранко Прља, заменик на главниот уредник и веб-мастер е Владимир Карер. Други членови на редакцијата се Снежана Василевска, Тимурленк Чековиќ и Билјана Николовска-Прља.
Наводи
Категорија:Македонски мрежни места