Крањска Гора (словенечки: Kranjska Gora; ) — населба во Општина Крањска Гора во северозападна Словенија со околу 1.500 жители. Населбата е центар на општината Крањска Гора и важен туристички и зимски спортски центар. Областа е дел од историскиот регион Горењска. Населбата сега е вклучена во Горењскиот статистички регион. Се наоѓа крај реката Сава Долинка, на тромеѓато помеѓу Словенија, Австрија, Италија.
Околу центарот на старото село изграден е нов, претежно туристички дел од населбата со хотели, апартмани и викендички, рекреативни содржини, продавници и жичарници, како и скијачки патеки и мрежа од велосипедски и пешачки патеки.
На Крањска Гора се одржуваат меѓународни скијачки натпревари во алпско скијање во Витранц и скијачки скокови на Планица .
Крањска гора ја опфаќа и туристичката населба Јасна покрај истоименото езеро крај патот за Вршич и делови од главната населба
Историја Се верува дека Крањска Гора била населена во 11 век од Словенци од Карантанија.Krajevni leksikon Dravske Banovine. 1937. Ljubljana: Zveza za tujski promet za Slovenijo, p. 540. Во 14 век низ градот поминувал трговскиот пат до Тарвизио. Во 1431 година, грофовите од Цеље изградиле замок во Вила Баса (сега дел од Тарвизио), кој му припаѓал на градот до 1848 година. Крањска Гора била нападната од Османлиите во 1476 година. Во 1870 година била изградена железничка пруга до Крањска Гора.
Наводи
Категорија:Општина Крањска Гора Категорија:Градови во Словенија