Скијачкиот центар Лејк Луиз е одморалиште во западна Канада, сместено во Националниот парк Банф во близина на селото Лејк Луиз, Алберта. Се наоѓа 57 километри западно од Банф, и Лејк Луиз е еден од трите поголеми скијачки центри во Националниот парк Банф.

Одморалиштето се наоѓа на јужните падини од Планините Слејт, опкружено со планински врвови од околу 3000 метри надморска височина.

Историја На Лејк Луиз со скијање се започнало од 1920-тите. Првиот ски лифт бил поставен во 1954 година, а жичницата била додадена во 1960 година

Настани На скијалиштето во Лејк Луиз се одржува првата трка од Светскиот куп во алпско скијање во организација на ФИС и e единственото место во Канада каде што се одржува овој настан. Настанот, познат и како Зимски почеток на Светскиот куп во Лејк Луиз, ги привлекува најдобрите скијачи во спуст од целиот свет - како што е четирикратната Светска Шампионка, Линдзи Вон. Трките почнале да се оджуваат во одморалиштето од 1980 година, а непрекидно се возеле од 1993 до 2020 година. Пандемијата од КОВИД-19 во 2020 година била причина за откажување на трките во 2020 година. Во Лејк Луиз се одржуваат трки и во машка и во женска конкуренцуја од Светскиот куп, и е домаќин на првите трки во спуст и супервелеслалом од Светскиот куп во сезоната.

Во скијачкиот центар Лејк Луиз за прв пат бил домаќин на Светскиот куп во сноуборд во рамките на ФИС во декември 2013 година.

Објекти Во Лејк Луиз има 145 означени скијачки патеки на четири планински падини и од нив 25% се за почетнички, 45% со средна тежина и 30% напредни.

Гондолата за разгледување на езерото Луиз работи во текот на целата година, од која можат да се видат панорами на ледниците, природните извори, дивите цвеќиња и дивите животни (како гризли мечки). Одморалиштето нуди можност и за други активности како: санкање со кучиња, лизгање на мраз и крос кантри скијање.

Патеки

Лесна Средна Напредна Тешка (Двојно црно) ♦♦ 17 25 54 43

Надворешни врски

Светски куп во алпско скијање во Лејк Луиз Ски Банф - Лејк Луиз - Саншајн - Заедничко вложување во три области помеѓу скијачкиот центар Лејк Луиз, селото Саншајн и планината Норкеј

Наводи

Категорија:Координати на Википодатоците Категорија:Скијачки центри во Канада Категорија:Национален парк Банф