Милано-Санремо 2020 — 111. издание на велосипедската еднодневна трка Милано-Санремо, која била закажана да се одржи на 21 март, но била одложена на 8 август поради пандемијата на КОВИД-19 во Италија. Одложувањето било направено од страна на организаторот RCS Sport на 6 март.
Белгискиот возач Ваут ван Ерт од , кој ја освоил Страде Бјанке 2020 една недела претходно, го поразил францускиот возач Жилијан Алафилип, кој бил бранител на титулата, од , во меѓусебен спринт откако двајцата се одвоиле од групата на спустот од Поџо.
Екипи
Бидејќи Милано-Санремо е настан од Светската турнеја, сите деветнаесет UCI World Tour екипи биле автоматски поканети и се обврзани да учествуваат на трката. Осум професионални континентални екипи биле поканети, со што била заокружена главната група од 27 екипи. Секоја од екипите настапила со шест возачи, со што имало 162 возачи на почетокот, од кои 149 завршиле.
Поредок Завршен пласман
Список на учесници
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Милано-Санремо Категорија:Светска турнеја на UCI 2020 Категорија:Италија во 2020 година