Петта оперативна зона на НОВ на Македонија ― формирана ѐ есента 1943 година, на кумановското подрачје.
Територија Зоната го опфаќала просторот северно од линијата Тетово-Велес-Кочани, со градовите: Скопје, Куманово, Кратово, Крива Паланка и Прешево. Нејзиниот штаб раководел со сите партизански единици на овој простор сѐ до формирањето на Третата македонска ударна бригада, на 26 февруари, 1944 година. Со формирањето на Третата македонска народноослободителна ударна бригада, Штабот на зоната престанал да постои, а надлежностите околу раководењето со единиците на овој простор ги превзел Штабот на бригадата.
Во првата половина на август 1944 година, по реорганизацијата на што ја направил Главниот штаб на НОВ и ПОМ, ова подрачје влегло во состав на Првата оперативна зона на НОВ на Македонија.
Состав Со наредба на Штабот на петтата оперативна зона, дотогашниот Кумановско-Скопски одред, да се организира во редовен баталјон „Јордан Николов“. Четите кои влегле во негов состав биле именувани: I чета - „Киро Фетак“, II чета - „Цветан Димов“ и III чета - „Васиљко Драгомански“.
Љупчо Арсов - член на Штабот на петтата оперативна зона
Поврзано
Прва оперативна зона на НОВ на Македонија Втора оперативна зона на НОВ на Македонија Трета оперативна зона на НОВ на Македонија Четврта оперативна зона на НОВ на Македонија
Наводи
Категорија:Македонија во Втората светска војна Категорија:НОБ