Валтер фест е манифестација која се одржува во Младеновац од 2018 година и има за цел да ги прикаже квалитетот, креативноста и богатата разновидност на филмската продукција во Србија во текот на годината преку избраниот репертоар на филмови од најновата продукција. Гледачите можат да ги видат и оние филмови кои веќе освоиле награди или се во конкуренција за филмски награди.

Фестивалот е од натпреварувачки карактер и според одлуката на стручното жири ќе биде награден најдобриот филм. За време на фестивалот, галеријата „Фоаје“ на Центарот за култура и туризам Младеновац организира изложба на фотографии од животот и култните остварувања на филмскиот великан Велимир Бата Живојиновиќ, бројни тркалезни маси и средби со еминентни филмски творци, креативни филмски работилници, трибини и разговори со филмски глумци и многу други содржини.

Фестивал по години

2018 година Првиот Валтер фест го отворила г-ѓа Јулијана Лула Живојиновиќ, сопруга на Велимир Бата Живојиновиќ. На отворањето посетителите имаат можност да го погледнат акциониот филм „ Јужен ветер“. На проекцијата на филмот, кој е и дел од натпреварувачката програма на фестивалот. Пприсуствувале жирито и членовите на советот, како и глумците и режисерот на филмот, кои се поклонилр на присутните.

2019 година Вториот Валтер Фест го отворил Радош Бајиќ на 24 октомври 2019 година. Наградата за животно дело и била доделена на Мира Бањац. Датум Време Програма 24 октомври 18.00 Кучињата умираат сами 20.00 часот Четири рози (претпремиера) 25 октомври 18.00 Делириум тременс 20.00 Ајвар 26 октомври 11.00 Фиксизи - мајстори 21.00 Воена академија 5 27 октомври 11.00 Фантастика: Во потрага по златни рогови 18.00 Екипа 20.00 Пијавици Награди:

Најдобра женска улога: Наташа Нинковиќ (Ајвар) Најдобра машка улога: Тихомир Станиќ (Делириум тременс ) Најдобра режија: Никола Петровиќ (Кучињата умираат сами) Најдобар филм: Ана Марија Роси (Ајвар)

2020 година Третиот Валтер фест се одржал на 3 октомври 2020 година. Наградата за животно дело била доделена на Власта Велисављевиќ. Време Програма 18.30 Концерт на Лена Ковачевиќ 19.30 Љубов и мода

Наводи

Категорија:Филмски фестивали