Милош Делетиќ (роден на 14 октомври 1993 година) е професионален српски фудбалер кој игра на позицијата како десно крило. Моментално настапува за екипата на Анортозис Фамагуста и тоа како позајмен играч од грчкиот тим АЕК од Атина.Profile at soccerway
Клупска кариера
Почетна кариера И покрај неговата младост, Делетиќ во својата кариера успеал да игра во многу клубови, претежно од втора категорија или од пониски рангови. Во 2016 година, тој имал многу успешна сезона со екипата на Радник од Сурдулица, клуб од Српската Суперлига. Во екипата на Радник играл како крилен играч и како офанзивен играч за врска.
АЕЛ Иако Делетиќ бил побаруван од големите клубови од Србија и Турција, сепак тој на 26 јуни 2016 година потпишал тригодишен договор со клубот на АЕЛ, благодарение на помошта на поранешниот фудбалер на клубот Слаѓан Спасиќ и тогашниот технички директор Томас Кипарисис. Неговата прва сезона била доста разочарувачка, бидејќи не успеал да постигне гол на ниту еден од неговите 28 натпревари.
Делетиќ ја започнал сезоната 2017-18 како стандарден член на стартната екипа. Првиот гол за клубот го постигнал на домашен терен против екипата на Аполон од Смирнис. Голот бил постигнат во доцната фаза од натпреварот кој на крајот завршил со резултат од 1:0. Речиси еден месец подоцна тој постигнал гол во победата од 2:0 на гостински терен против екипата на Ламија, освојувајќи ја и наградата МВП на натпреварот. На 25 февруари 2018 година, тој се вратил на теренот по едномесечно отсуство поради повреда и го постигнал единствениот гол во победата од 1:0 против тимот на Платанијас. На 5 мај 2018 година, во последниот натпревар од сезоната Делетиќ постигнал гол на нерешениот натпревар од 1:1 на домашен терен против тимот на Ламија. Во таа сезона одиграл вкупно 30 натпревари, а постигнал 5 гола и остварувајќи и 5 асистенции. Со овој придонес тој му помогнал на тимот успешно да го оствари опстанокот во лигата.
Во првиот натпревар од сезоната 2018–19, Делетиќ постигнал гол со удар од далечина во победата од 1:0 против клубот на Аполон Смирнис. На 20 октомври 2018 година, Делетиќ го отворил резултатот со гол во поразот на домашен терен со 2:1 против клубот на Ламија. На 11 ноември 2018 година, постигнал гол во победата од 2:0 на домашен терен против екипата наПАС Џанина.
На 22 ноември 2018 година, Делетиќ наводно се согласил на тригодишно продолжување на договорот, со клаузула за ослободување доколку некој тим плати сума од 500.000 евра. На 9 јануари 2019 година, тој го отворил резултатот во победата на домашен терен со 3:2 против екипата на Астерас Триполис во осминафиналето од Купот на Грција. На 27 јануари 2019 година, Делетиќ го постигнал израмнувачкиот гол со подобар самостоен пробив низ одбраната на екипата на Панатинаикос. Овој натпревар завршил со резултат од 1:1 и така бил освоен тој толку важен бод со десет играчи во битката за да се избегне испаѓање од лигата.
АЕК Атина На 1 јули 2019 година, клубот на АЕК од Атина официјално објавил потпишување на договор со Делетиќ и тоа во траење од 3 години. Тој на 29 септември го постигнал својот прв гол за клубот на гостувањето кај големиот ривал ПАОК од Солун. На тој натпревар Делетиќ влегол во игра во второто полувреме кога го претворил доброто проигрување на Петрос Манталос за израмнување на 2:2.
Позајмен играч во клубот на Астерас Триполис На 31 јануари 2020 година, тој му се приклучил на Астерас Триполис за шестмесечен период како позајмен играч.
Позајмен играч во клубот на Ламија На 2 октомври 2020 година, Делетиќ се приклучил на екипата на Ламија како позајмен играч, со траење до летото 2021 година, бидејќи не бил како дел од плановите на тренерот Масимо Карера.
Позајмен играч во клубот на Анортозис Фамагуста На 23 јуни 2021 година, Делетиќ му се приклучил на Анортозис од Фамагуста со статус како позајмен играч и тоа до крајот на сезоната 2021-2022.
Репрезентација Делетиќ настапувал во селекцијата на Србија за У-19 (до 19 години возраст).
Статистика во кариерата
КлубСезонаЛигашки натпревариКуп натпревариКонтинентални натпревариДруги натпревариВкупноЛигаНатпревариГоловиНатпревариГоловиНатпревариГоловиНатпревариГоловиНатпревариГоловиМладеновац2011–12Српска прва лига12300——123Војводина2012–13711000—81Напредок Крушевац2013–144000——40Сагеата Наводари2013–14Лига I15200——1522014–158210——92Вкупно23410——244Академика Аргес2014–15Лига II12500——125Јагодина2015–16Српска прва лига13010——140Радник Сурдулица2015–1614200——142АЕЛ2016–17Супер Лига на Грција26020——2802017–1825550——3052018–1923531——266Вкупно7410101——8411АЕК од Атина2019–20Супер Лига на Грција9100——91Астерас Триполис(како позајмен играч)2019–209200——92Ламија (како позајмен играч)2020–2126600——266Вкупно во кариерата20334131000021635
Наводи
Категорија:Српски фудбалери Категорија:Родени во 1993 година Категорија:Живи луѓе