Ранко Деспотовиќ (роден на 21 јануари 1983 година) е поранешен српски фудбалер кој играл на позицијата како напаѓач.

Клупска кариера Ранко Деспотовиќ е роден во Лозница, Србија, Социјалистичка Федеративна Република Југославија. Тој својот прв професионален натпревар го одиграл за клубот на ФК Лозница на само 17 години. Во неговите први три години играјќи фудбал постигнал речиси 30 гола, по што бил купен од екипата на ФК Војводина.

Во одреден дел од сезоната бил позајмен на пониско рангираниот клуб на ФК Мачва од Шабац, по што се вратил во тимот на Војводина, каде имал блескава сезона 2006–07 помагајќи му на тимот да дојде до третото место во лигата и да дојде на второто место во домашниот куп. За да помогнел сето ова да се постигне, тој на крајот на сезоната се нашол на врвот од топ листата за постигнати голови. Постигнал вкупно 17 голови во таа сезона.

Во јануари 2008 година, Деспотовиќ потпишал со клубот на ФК Рапид од Букурешт во Романија. Подоцна, во претстојната летна преодна сезона, Деспотовиќ се приклучил на тимот на Реал Мурсија за времетраење од три години и за сума од 1.500.000 евра. Него во клубот го донел селекторот Хавиер Клементе, а за неговите квалитети дознал додека бил тренер на репрезентацијата на Србија.

Во сезоната 2009-10, Деспотовиќ останал во истата држава и тоа во нејзината втора лига, преселувајќи се да игра као позајмен играч во клубот на УД Саламанка. Следната година, сè уште во втората лига, Деспотовиќ го предводел тимот на Џирона ФК со вкупно18 постигнати гола (седми најдобар резултат во втората лига). Клубот од Каталонија на крајот завршил удобно во средината на табелата.

На 1 јули 2011 година, Деспотовиќ потпишал за јапонската екипа на Урава Ред Дајмондс. Кон крајот на 2013 година, по неуспешното враќање во поранешниот клуб на Џирона, тој се преселил во Австралија во тимот на Сиднеј ФК, откако бил убеден да му се придружи на поранешниот соиграч од Војводина, Никола Петковиќ. Својот прв натпревар за новиот клуб го имал против екипата на Велингтон Феникс ФК, влегувајќи како замена и постигнувајќи го победничкиот гол за 2:1 во судиското продолжение.

Деспотовиќ се вратил во Шпанија на 7 јули 2014 година, приклучувајќи се на второлигашот Депортиво Алавес. Подоцна Деспотовиќ се натпреварувал и во пониски лиги и тоа со тимовите на Кадис ЦФ и Марбела ФК.Despotovic, Chaco, Alex Serrano y Graxa, primeras bajas en el Marbella FC (Despotovic, Chaco, Alex Serrano and Graxa, first out at Marbella FC) ; Estepona Press, 28 December 2016 (in Spanish)

Репрезентација Деспотовиќ својот прв натпревар за селекцијата на Србија го одиграл на квалификацискиот натпревар за 2008 УЕФА ЕВРО против тимот на Казахстан. Натпреварот се одиграл на 24 ноември 2007 година и завршил со резултат од 1:0 за репрезентацијта на Србија.

Клупска статистика

КлубСезонаЛигашки натпревариКуп натпревари 1Лига куп 2Континентални натпревари 3ВкупноНатпревариГоловиНатпревариГоловиНатпревариГоловиНатпревариГоловиНатпревариГоловиЛозница2000–01142–001422001–02216–002162002–032913–002913Вкупно6421–006421Мачва од Шабац (како позајмен играч)2003–04154–001542004–05176–00176Вкупно3210–003210Војводина2003–045010–00602004–058000–00802005–0611010–001202006–07241753–0029202007–0816410–44218Вкупно642183–447628Рапид од Букурешт2007–08840084Мурсија2008–0935800358Саламанка (како позајмен играч)2009–102443000274Џирона2010–11341811003519Урава Ред Дајмондс20111400054–19420121110041–152Вкупно2510095–346Сиднеј ФК2013–14176–––176Алавес2014–152442100–265Кадис2015–161600000–160Марбела2016–171540000–154Вкупно во кариерата3581011459544385115 1 Вклучува Копа дел Реј. Кралски куп.

2 Вклучува Ј. Лига куп.

3 Вклучува квалификации за Купот на УЕФА.

Наводи

Надворешни врски Статистика за рана кариера ; (на српски) Податоци за државната репрезентација (на српски)

Категорија:Српски фудбалери Категорија:Живи луѓе Категорија:Родени во 1983 година