мини|Ѓорѓевиќ со Крилија Советов во 2011 година Ненад Ѓорѓевиќ (роден на 7 август 1979 година) е поранешен српски професионален фудбалер кој играл на позицијата дефанзивец или одбранбен играч. На меѓународно ниво, Ѓорѓевиќ ја претставувал репрезентацијата на Србија и Црна Гора на Светското првенство во фудбал во Геманија во 2006 година.
Клупска кариера Ѓорѓевиќ својот прв натпревар го имал за екипата на Јединство од Параќин, пред да му се приклучи на тимот на Обилиќ во сезоната 1999–2000 година. Поминал четири сезони во тимот на популарните Витези, со вкупно 97 лигашки настапи. Во јули 2003 година, Ѓорѓевиќ се префрлил во екипата на Партизан, склучувајќи четиригодишен договор. Тој веднаш се наметнал како редовен играч во првиот тим под раководство на тренерот Лотар Матеус, помагајќи му на тимот на Партизан да стигне до групната фаза од Лигата на шампионите на УЕФА 2003-04. Во следната сезона 2004–05, Ѓорѓевиќ ја освоил својата прва титула во државното првенство. Ѓорѓевиќ му помогнал на својот тим да стигне до осминафиналето на Купот на УЕФА. Тој одиграл вкупно 85 лигашки нтпревари, пред да го напушти клубот во зимскиот преоден рок во 2007 година.
Во февруари 2007 година, Ѓорѓевиќ потпишал за јапонскиот клуб ЏЕФ Јунајтед Чиба, склучувајќи двегодишен договор. Во сезоната 2007 година одиграл 13 натпревари во лигата и постигнал три гола.
По само една година во странство, Ѓорѓевиќ се вратил во клубот на Партизан, склучувајќи договор за период од две години и половина. Договорот го потпишал на 29 јануари 2008 година. По неговото враќање, тој играл во добра форма, особено во првите шест месеци, кога неговите голови директно го решавале победникот во неколку натпревари. Бил еден од најзаслужните за титулата на Партизан во сезоната 2007-08, прва за клубот по три цели години. Во летото 2008 година, по заминувањето на Стеван Јоветиќ во екипата на Фиорентина, Ѓорѓевиќ станал капитен на тимот на Партизан.
На 8 април 2010 година, Ѓорѓевиќ потпишал двегодишен договор со рускиот клуб Крилија Советов. Тој постигнал гол на својот прв натпревар против екипата на Сатурн Раменское, со кој неговиот тим победил со резултат од 2:1. На 22 февруари 2012 година, неговиот договор бил раскинат со заедничка согласност.
На 27 февруари 2012 година, Ѓорѓевиќ потпишал четиригодишен договор за шведскиот клуб Калмар ФФ. Подоцна пред сезоната 2016 потпишал договор и со клубот на ИФК Берга.
Репрезентација Ѓорѓевиќ одиграл 17 натпревари за репрезентацијата на Србија и Црна Гора и постигнал еден гол. Тој исто така бил член на тимот за Светското првенство во фудбал во Германија во 2006 година.
Тренерска кариера На 18 ноември 2015 година Ѓорѓевиќ објавил дека од сезоната 2016 ќе функционира како помошник тренер во екипата на ИФК Берга.Djordjevic om sin nya roll: ”Ödmjuk inför uppgiften” , 24nybro.se, 18 November 2015 Тој најавил повлекување од играњето на крајот од сезоната. Во 2017 година, Ѓорѓевиќ бил ангажиран како тренер на млади во локалниот клуб на Калмар Содра ИФ.Kalmar Södra storsatsar på sina ungdomar , 24kalmar.se, 4 December 2016Djordjevic kliver in i Kalmar Södra, berometern.se, 12 May 2017
На 18 ноември 2017 година, Ѓорѓевиќ се вратил во својот поранешен клуб Калмар ФФ како тренер за млади фудбалери. Тој работел како тренер на У16, У17 и У19 категориите во клубот, пред да замине на крајот на 2020 година.
На 6 септември 2021 година, Ѓорѓевиќ бил ангажиран како помошник тренер од страна на екипата на Хамарби ИФ во Алсвенскан лигата, под водство на главниот тренер Милош Милојевиќ. Ја напуштил функцијата во клубот на крајот на годината.
Статистика во кариерата
Клупска статистика +Натпревари и голови по клуб, сезона и натпревариКлубСезонаЛигашки натпревариКуп натпревариКонтинентални натпревариВкупноНатпревариГоловиНатпревариГоловиНатпревариГоловиНатпревариГоловиОбилиќ1999–00140—1402000–0123030202802001–0227020403302002–033333220385Вкупно97382801135Партизан2003–0425231903732004–05272301204222005–0620120402612006–071320080212Вкупно857813301268ЈЕФ Јунајтед Чиба2007133—133Партизан2007–0814630001762008–0922141803422009–1014020112272Вкупно507911927810Крилија Советов201024300002432011–1229210—302Вкупно5351000545Калмар ФФ20121701061241201371100081201416110—17120158000—80Вкупно4823061573ИФК Берга2016143—143Вкупно во кариерата3603029466345537
Меѓународна статистика +Настапи и голови во репрезентација по година Репрезентација Година Натпревари Голови СР Југославија 2002 година 2 0 2003 година 1 0 Србија и Црна Гора 2003 година 5 0 2004 година 3 0 2005 година 3 1 2006 година 3 0 Вкупно 17 1
Признанија
Клупски признанија Партизан
Освоена е Српската Суперлига: 2004–05, 2007–08, 2008–09 Освоен е Купот на Србија: 2007–08, 2008–09
Поединечна статистика
Член на Тимот на сезоната во Српската Суперлига: 2008–09
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Српски фудбалери Категорија:Фудбалери на ФК Партизан Категорија:Фудбалери на ФК Крилја Советов Категорија:Фудбалски дефанзивци Категорија:Фудбалери на Светско првенство 2006 Категорија:Живи луѓе Категорија:Родени во 1979 година