мини|200п|Ивица Драгутиновиќ

Ивица Драгутиновиќ (роден на 13 ноември 1975 година) бил поранешен српски професионален фудбалер. Играл најчесто како централен дефанзивец, но можел да настапува и како одбранбен лев бек.

По речиси една деценија играјќи во Белгија, најчесто во тимот на Стандард од Лиеж, тој заминал како дел од тимот на Севиља во Шпанија каде освоил дури шест големи титули во текот на 2000-тите години.

За својата селекција одиграл 49 натпревари. Драгутиновиќ ја претставувал репрезентацијата на Србија и Црна Гора на Светското првенство во 2006 година во Германија.

Клупска кариера

Почетоци во Белгија Драгутиновиќ е роден во Пријепоље. Тој почнал да игра фудбал во родниот град, во тимот на ФК Полимље. Подоцна, во летото во 1992 година му се приклучил на тимот на ФК Бор од Втората лига на СР Југославија.OD ZONE DO ZONE, page 254 По една сезона,OD ZONE DO ZONE, page 257 Драгутиновиќ се преселил во друг клуб од Втората лига , екипата на ФК Борац од Чачак. Во овој тим имал голем придонес за освојување на Втората лигата и за промоција во Првата лига СР Југославија. За екипата на Борац од Чачак, Драгутиновиќ одиграл 56 натпревари и постигнал три гола во периодот (1994 – 1996),Sedam godina u reprezentaciji пред да замине да игра во Белгија во 1996 година. Во Белгија поминал вкупно 9 сезони и тоа во екипите на КАА Гент и Стандард од Лиеж. Во овие две екипи одиграл вкупно 219 натпревари од Првата дивизија А.

Драгутиновиќ постигнал огромен успех по неговото пристигнување во градот Лиеж. За тимот на Стандард одиграл преку 200 официјални натпревари. Тој ја започнал сезоната 2005-06 со екипата на Стандард, но на последниот ден од августовскиот преоден рок, потпишал договор со Севиља ФК од Шпанија. Договорот бил за период од 3+1 година. Бил замена за Серхио Рамос, кој од екипата на Севиља заминал во тимот на Реал од Мадрид.Dragutinovic cubre la baja de Sergio Ramos en el Sevilla (Dragutinovic compensates Sergio Ramos' loss at Sevilla) ; Merca Fútbol, 31 August 2005 (in Spanish)

Севиља Драгутиновиќ имал редовна минутажа во текот на неговите први три сезони во новиот клуб, појавувајќи се на централната позиција во одбраната или на левата страна од последната четворка на играчи. Во секоја сезона постигнувал по еден гол. Тимот на Севиља ги освојувал, меѓу другите трофеи и двапати едноподруго Купот на УЕФА (тој бил во комбинација на 18 натпревари вклучувајќи го и финалето во 2007 година против екипата од Барселона РЦД Еспањол). Драгутиновиќ имал белгиски пасош, со што не бил вклучен во квотата за три играчи кои доаѓаат надвор од ЕУ во тогашната прва Ла Лига.

На 2 август 2007 година, шпанскиот спортски весник Марка тврдел дека Драгутиновиќ се согласил да се приклучи на составот на Њукасл Јунајтед од Премиер лигата. На 5 ноември, сепак, тој ставил потпис на договорот кој бил со траење од 4 години.Defender Dragutinovic renews Sevilla contract ; ESPN Soccernet, 6 November 2007 На 25-ти август 2007 година тој прв му пристигнал на помош на колабираниот соиграч Антонио Пуерта за време на натпреварот против тимот на Хетафе ЦФ. Пуерта доживеал срцев удар. Драгутиновиќ со својата помош му го продолжил животот на својот соиграч кој сепак подоцна по само три дена починал во болнички услови.

На 24 ноември 2009 година, Драгутиновиќ постигнал автогол за време на натпреварот и поразот на Севиља со резултат од 0:1 од тимот на ФК Униреа Уржичени восезоната на Лигата на шампионите на УЕФА. Тоа било негов втор пораз на теренот на Стадионот Стеауа. Претходно тој доживеал пораз на истиот терен и од екипата на ФК Стеауа Букурешт, во Купот на УЕФА.Dragutinovic, al doilea autogol pe Ghencea! (Dragutinovic, second own goal at Ghencea); ProSport, 24 November 2009 (in Romanian)

Драгутиновиќ настапил на 20 натпревари во сезоната 2009-10, кога екипата на Севиља завршила на четвртото место на крајот од првенството. На 20 февруари 2010 година, постигнал гол во победата од 3:1 над тимот на РЦД Мајорка.Sevilla battle back to win ; ESPN Soccernet, 20 February 2010 Со таа победа Севиља успеала да го освои последното место кое води во Лигата на шампионите.

По доживеаната тешка повреда,Dragutinovic comienza a tocar balón (Dragutinovic starts working with ball); Marca, 19 November 2010 (in Spanish) првиот настап на Драгутиновиќ во сезоната 2010-11 бил дури на 11 мај 2011 година, кога влегол на теренот во последните десет минути од натпреварот на гостувањето против екипата на CA Осасуна. На овој натпреварАндалусијците воделе со резултат од 2:0, а на крајот го загубиле натпреварот со резултат од 2:3.Osasuna hit back for stunning win ; ESPN Soccernet, 11 May 2011 На 26 мај 2011 година, 35-годишниот играч, честопати нарекуван со скартеницата „Драго“ за време на неговиот престој во клубот, потврдил дека го напушта стадионот „Рамон Санчес Писхуан“, а со тоа и клубот на Севиља.

Репрезентација Драгутиновиќ својот прв натпревар за репрезентацијата на Југославија го одиграл на 13 декември 2000 година, во пријателскиот натпревар против селекцијата на Грција, кој завршил со резултат од 1:1. За време на успешната квалификациска сезона на земјата за Светското првенство на ФИФА 2006 година, тој, заедно со фудбалерите Горан Гавранчиќ, Немања Видиќ и Младен Крстајиќ, ја формирал одбраната на репрезентацијата и таканаречената „Познатата четворка“ која дозволила само еден гол (од шпанецот Раул Гонсалес).Newcastle poised to sign Enrique; BBC Sport, 6 August 2007 На светското првенство, тој се појавил само во групната фаза во поразот од селекцијата на Холандија со резултат од 0:1. Неговата репрезентација примила вкупно десет гола и ги загубила сите натпревари на првенството во Германија.

На 12 септември 2007 година, во последните минути од натпревар од 2008 ЕВРО квалификациите во Португалија, Драгутиновиќ бил вмешан во расправија со тренерот на екипата на Португалија Луис Фелипе Сколари. Инцидентот завршил со размена на неколку удари од двете страни.Scolari, Dragutinović face UEFA charges ; UEFA, 13 September 2007The punch by Luiz Felipe Scolari – Video ; at Footyblog Тие добиле суспензија од четири, односно од два натпревари.Four-match ban for Scolari ; UEFA, 20 September 2007 На крајот од тие квалификации репрезентацијата на Србија завршила на третото место во групата и не успеала да се квалификува на европското првенство во Австрија и Швајцарија.

Драгутиновиќ повторно бил повикан за квалификациските натпревари за Светското првенство во 2010 година, играјќи на шест од десет натпревари и помагајќи ѝ на новореформираната репрезентација на самостојна Србија да обезбеди учество на Светско првенство во ФИФА во 2010 година во Јужна Африка. По повредата на ахиловата тетива добиена на тренингот за тимот на Севиља, Драгутиновиќ бил изоставен од тимот кој отпатувал во Јужна Африка.Injured Dragutinovic to miss World Cup; USA Today, 22 April 2010

Статистика во кариерата

Меѓународна статистика

Извор:

+Настапи и голови во репрезентацијата по година Репрезентација Година Натпревари Голови СР Југославија 2000 година 1 0 2001 година 0 0 2002 година 8 0 Србија и Црна Гора 2003 година 3 0 2004 година 7 0 2005 година 6 0 2006 година 3 0 Србија 2006 година 3 0 2007 година 6 0 2008 година 5 0 2009 година 6 0 2010 година 1 0 Вкупно 49 0

Признанија Севиља

Освоен е шпанскиот кралски куп Копа дел Реј: 2006–07, 2009–10 Освоен е Суперкупот на Шпанија: 2007 година Освоен е Купот на УЕФА: 2005–06, 2006–07 Освоен е Суперкупот на УЕФА: 2006 година и второпласирани во 2007 година

Наводи

Надворешни врски Податоци за државната репрезентација (на српски)

Категорија:Носители на Орденот на Свети Сава Категорија:Фудбалери на Светско првенство 2006 Категорија:Фудбалери на ФК Севиља Категорија:Фудбалери од Ла Лига Категорија:Фудбалери на Стандард Категорија:Фудбалски дефанзивци Категорија:Српски фудбалери Категорија:Луѓе од Пријепоље Категорија:Живи луѓе Категорија:Родени во 1975 година