Есмералда е една од најпопуларните мексикански теленовели. Оваа теленовела беше снимана и премиерно преикажувана во Мексико во 1997 година. Серијата го освои целиот свет, како и нашата земја. Оваа теленовела кај нас се емитуваше на МТВ Телевизија, во 1999 година. Серијата во Мексико доби наградата за најдобра теленовела на годината.

Синопсис Една врнежива ноќ се родени две бебиња, секое од нив ги чека прегратката од својата фамилија. Но, опсесивната желба за машки наследник, ќе ги натера Доминга и Крисанта, две бабици, да ги заменат новороденчињата. Момчето е родено во мала куќа, но првпат заплакал во огромна вила, додека девојчето кое се лулало во сребрена колевка, своите први чекори ги направила по шумските стази. Цената на молкот за оваа страшна тајна се двете смарагдни обетки, и девојчето е наречено по нив, Есмералда. Родена е слепа, но добрината во нејзиното срце и дава доволно светлина во нејзиниот живот. Многу години подоцна, Есмералда и Хосе Армандо се запознаваат и се заљубуваат еден во друг. Но, тајната од нивното минато, наскоро ќе излезе на виделина.

главна глумица во филмот е Есмералда-Летисија Калдерон

Улоги Глумци ЛиковиЛетисија Калдерон Есмералда Фернандо Колунга Хосе Армандо Пењареал де ВеласкоЕнрике Лизалде Дон. Родолфо ПењареалЛаура Запата Фатима Линарес де ПењареалСалвадро Пинеда Дон. Луицо МалаверИгнасио Лопес Тарсо МелесиоГуставо Рохо Д-р Бернардо Перес МонталвоНора Салинас Грациела Пењареал Линарес

Надворешни врски Сериалс.ру Интернет теленовела база на податоци

Категорија:Мексикански телевизиски серии Категорија:Теленовели