мини|Ѓурѓевиќ како капитен во тимот на Србија на квалификации за Европско првенство за играчи до 21 година на УЕФА 2017 година Урош Ѓурѓевиќ (роден на 2 март 1994 година), попознат како Ѓука, од 2021 година е црногорски професионален фудбалер (во 2021 година го земал црногорското државјанство) кој настапува на позицијата како напаѓач. Моментално игра во шпанскиот клуб Спортинг од Хихон. Тој е роден во Србија, настапувал за репрезентацијата на Србија во помладите генерации, но сега ја претставува репрезентацијата на Црна Гора.

Клупска кариера

Почетните години Ѓурѓевиќ ги направил своите први фудбалски чекори во клубот на Обреновац 1905 година, пред да се приклучи на младинскиот состав на Црвена ѕвезда од Белград. Краток период настапувал и за тимот на ОФК Белград, пред да се приклучи на младинската екипа на фудбалскиот тим на Рад.

Рад Ѓурѓевиќ својот прв натпревар за сениорскиот тим на Рад го одиграл на 28 август 2011 година, додека тренер бил во клубот Славко Петровиќ. Влегол во игра како замена за Лука Миливојевиќ во поразот од екипата на Слобода од Ужице на домашен терен со резултат од 1:2. Урош се појавил на вкупно седум лигашки натпревари во својата дебитантска сезона, исклучиво како играч од клупата. На 17 ноември 2012 година, Ѓурѓевиќ го постигнал својот прв сениорски гол за екипата на Рад, обезбедувајќи му победа на својот тим со резултат од 1:0 на домашен терен против екипата на Хајдук од Кула. Постигнал вкупно девет првенствени гола во сезоната 2012-13, под раководство на Марко Николиќ, помагајќи му на неговиот тим на крајот на сезоната да заврши на средината од табелата. И покрај бројните шпекулации за време на летниот преоден рок во 2013 година, Ѓурѓевиќ на крајот останал во редовите на популарните Градежници до крајот на годината.

Витезе Во јануари 2014 година, Ѓурѓевиќ заминал за холандскиот клуб Витесе и веднаш го добил дресот со број 9. Тој својот прв натпревар во Ередивизија го одиграл на 7 февруари 2014 година, влегувајќи како замена во 88та минута за играчот Лукас Пиазон. Тој натпревар завршил со нерешен резултат од 0:0 на домашен терен со екипата на АДО Ден Хаг. До крајот на Ередивизијата 2013–14, Ѓурѓевиќ одиграл уште вкупно пет натпревари, влегувајќи во сите тие како замена, но не постигнал ниту еден гол.

На 30 јули 2014 година, Ѓурѓевиќ го постигнал последниот гол за тимот на Витезе во пријателскиот натпревар со тимот на Челзи кој завршил со резултат од 1:3. До крајот на сезоната се борел да ја освои стартната напаѓачка позиција во тимот. Во сезоната 2014-15, и покрај тоа што редовно постигнувал голови не успеал да се наметне кај својот тренер. На 1 февруари 2015 година, две минути откако го заменил Бертранд Траоре, Ѓурѓевиќ го постигнал единствениот гол во 85 минута за победа на тимот на Витесе со 1:0 над големиот Ајакс. Голот бил спореден со оној на Денис Бергкамп против Њукасл Јунајтед од 2002 година.

Откако настапил на два натпревари на почетокот на сезоната 2015-16, Ѓурѓевиќ го раскинал договорот со клубот на Витесе со заедничка согласност. Тоа се случило на 14 август 2015 година.

Палермо На 18 август 2015 година, Ѓурѓевиќ потпишал договор со италијанскиот клуб Палермо. Својот прв натпревар во Серија А го одиграл на 13 септември 2015 година постигнувајќи го израмнувачкиот гол во 88 минута откако влегол во игра од клупата за резерви. Натпреварот завршил нерешено со резултат од 2.2 на домашен терен со екипата на Карпи. За жал, на 19 септември 2015 година во неговиот втор настап за Розовите, Ѓурѓевиќ го скршил зглобот на натпреварот против Милан на стадионот Сан Сиро. Тој се вратил на терените на 12 декември 2015 година, кога бил заменет на полувремето од Алберто Џилардино. Натпреварот завршил со победа и резултат од 4:1 над екипата на Фросиноне. Дуелот се одиграл на стадионот Ренцо Барбера. На 7 февруари 2016 година, Ѓурѓевиќ го постигнал својот втор гол во Серија А. Го постигнал израмнувачкиот гол во нерешениит натпревар од 2:2 против екипата на Сасуоло. Одиграл вкупно 14 лигашки натпревари и постигнал два гола во сезоната 2015-16.

Партизан

Сезона 2016-17 На 22 август 2016 година, Ѓурѓевиќ се вратил во својата татковина и потпишал тригодишен договор со екипата на Партизан. Првиот натпревар го имал на 27 август, влегувајќи како замена во второто полувреме за Валери Бојинов во победата од 4:0 на домашен терен над неговиот поранешен клуб екипата на Рад. На 21 септември, Ѓурѓевиќ ги постигнал своите први два гола за Партизан во победата од 3:1 во Купот на Србија над екипата на Напредак од Крушевац. Својот прв гол во лигашки натпревар го постигнал на 2 октомври во победата на домашен терен со 3:1 над составот на Младост од Лучани. На 11 декември, Ѓурѓевиќ постигнал хет-трик и го предводел Партизан до победа од 3:1 на гостувањето кај екипата на Чукарички. На тој натпревар го постигнал најбрзиот гол во лигата по само 10 сеунди од почетокот. На 4 март 2017 година, Ѓурѓевиќ го постигнал својот прв гол во белградското дерби, погодувајќи со глава по центаршутот на Мирослав Вулиќевиќ во 88 минута. Тој натпревар одигран на гостински терен завршил нерешено со резултат од 1:1. Седум пати успеал да постигне гол во наредните шест натпревари. На крајот на сезоната бил најдобар стрелец во лигата со вкупно 24 гола. Овој резултат го делел со својот соиграч Леонардо. На крајот на сезоната Партизан ја освоил титулата во Србија. Неговите настапи, исто така, му донеле награда за играч на сезоната во лигата и избор во Тимот на сезоната на тоа натпреварување. Во вториот дел од сезоната, Ѓурѓевиќ постигнал уште два гола, но овојпат во Купот на Србија. Таа сезона екипата на Партизан ја освоил двојната круна.

Сезона 2017-18 На 11 јули 2017 година, Ѓурѓевиќ го постигнал својот прв гол во натпреварувањата на УЕФА, претворајќи го пеналот во победа од 2:0 на домашен терен над составот на Будуќност од Подгорица. Тоа бил прв натпревар од второто квалификациско коло на Лигата на шампионите. Подоцна, на 22 јули 2017 година постигнал гол на отворањето на лигата против тимот на Мачва од Шабац. Натпреварот завршил со резултат од 6:1 за екипата на Партизан. На 2 август, Ѓурѓевиќ постигнал израмнувачки гол во 85 минута за да му донесе нерешен резултат од 2:2 против екипата на Олимпијакос во реваншот од третото квалификациско коло во Лигата на шампионите. Екипата на Партизан била победена со вкупен резултат од 3:5. Подоцна по испаѓањето од Лигата на шампионите Ѓурќевиќ му помогнал на тимот да стигне до групната фаза од Лига Европа откако постигнал гол во победата од 4:0 на гостувањето кај екипата на Видеотон, во реваншот од плеј-офот на тоа натпреварување.

Олимпијакос На 30 август 2017 година, Ѓурѓевиќ преминал да игра во грчкиот клуб Олимпијакос за сума од 2,5 милиони евра плус 15% од идната сума од евентуалниот трансфер. Својот прв натпревар за новиот тим го имал на 9 септември во нерешениот натпревар од 1:1 на гостински терен против екипата на Ксанти. На истиот натпревар бил заменет од Емануел Еменике во 60-та минута. Три дена подоцна, Ѓурѓевиќ одиграл 62 минути на својот прв натпревар во Лигата на шампионите, пред повторно да биде заменет од Еменике. Натпреварот завршил со пораз и резултат од 3:2 од тимот на Спортинг КП од Лисабон. Својот прв гол за клубот го постигнал на 16 септември истата година, реализирајќи пенал во судиското продолжение на второто полувреме против екипата на Астерас Триполи. Натпреварот се играл на домашен терен и завршил со резултат од 1:1. Во текот на сезоната 2017-18 со Олимпијакос, Ѓурѓевиќ одиграл 30 натпревари и во сите натпреварувања постигнал седум гола.

Спортинг Хихон На 21 август 2018 година, Ѓурѓевиќ преминал во Шпанија и му се приклучил на тимот од Сегунда Дивизион, Спортинг од Хихон. Бил најскапиот трансфер во историјата на клубот, за проценета сума од 2,5 милиони евра.

На 11 октомври 2020 година, откако постигнал три гола во првите три натпревари од сезоната, Ѓурѓевиќ бил прогласен за играч на месецот септември во Сегунда дивизион лигата.

Репрезентација

Младинска кариера На почетокот Ѓурѓевиќ ја претставувал репрезентацијата на Србија на УЕФА првенството до 19 години во 2012 година. Селекцијата на Србија го напуштила натпреварувањето по првата групна фаза. Ѓурѓевиќ му помогнал на тимот за да се квалификува на УЕФА првенството до 19 години во 2013 година, постигнувајќи гол против екипата на Словачка во елитното квалификациско коло. На завршниот турнир, Ѓурѓевиќ бил еден од највлијателните играчи на тимот, постигнувајќи го првиот гол во полуфиналето против екипата на Португалија. На тој натпревар репрезентацијата на Србија победила и се квалификувала во финалето по изведување на пенали. Србија на крајот на турнирот ја освоила титулата откако ја совладала репрезентацијата на Франција со 1:0 во натпреварот за златен медал.

На 22 март 2013 година, Ѓурѓевиќ го одиграл својот прв натпревар за селекцијата на Србија на ниво до 21 година во пријателскиот натпревар кој завршил со пораз со резултат од 1:2 на гостувањето против селекцијата на Холандија до 21 година. Својот прв гол за тимот го постигнал на 14 август 2013 година, во пријателскиот натпревар кој завршил со резултат од 4:1 на домашен терен против репрезентацијата на Македонија до 21 година. Потоа, Ѓурѓевиќ бил редовен член за време на квалификациската фаза на УЕФА за првенството до 21 година во 2015 година. По тие натпревари Србија се квалификувала на завршниот турнир. Тој, подоцна го одбил повикот на тренерот Младен Додиќ со цел подобро да се подготви за следната сезона.

Во квалификациската фаза за првенството на УЕФА до 21 година 2017 година, Ѓурѓевиќ бил најдобар стрелец на тимот со вкупно девет гола. На повеќето натпревари бил и капитен на тимот. Постигнал хет-трик во победата од 3:1 на домашен терен над репрезентацијата на Словенија, во последниот натпревар од групата. Покрај тоа, Ѓурѓевиќ постигнал гол и во првиот натпревар од плеј-оф рундата против селекцијата на Норвешка. На крајот од квлификациите Србија обезбедила место на завршниот турнир. Во мај 2017 година тој бил именуван во тимот од 23 играчи од страна на новоименуваниот тренер Ненад Лалатовиќ. Во вториот натпревар од групната фаза, Ѓурѓевиќ постигнал гол со глава во последните минути од натпреварот кој завршил со резултат од 2:2 со репрезентацијата на Македонија. Својата младинска репрезентативна кариера ја завршил на 23 јуни 2017 година, добивајќи црвен картон за време на првото полувреме од натпреварот на селекцијата на Србија против репрезентацијата на Шпанија.

Сениорска кариера На 9 март 2017 година, Ѓурѓевиќ го добил својот прв повик во сениорскиот тим од страна на тренерот Славољуб Муслин за квалификацискиот натпревар на селекцијата на Србија за Светското првенство 2018 против составот на Грузија. Бил резервен играч кој не влегол во игра на тој натпревар. Конечниот резултат бил 3:1 во корист на селекцијата на Србија.

Во 2021 година, тој станал државјанин на Црна Гора и ја прифатил поканата да настапува за фудбалската репрезентација на Црна Гора. Неговиот татко е роден во Титоград (сегашна Подгорица, Црна Гора), што било услов за тој да може да стане црногорски државјанин. Својот прв натпревар за новата репрезентација го имал на 24 март 2021 година во квалификациите за Светското првенство против репрезентацијата на Летонија.

Приватен живот Неговиот помлад брат Кристијан (роден 1996 г.), исто така е професионален фудбалер.

Статистика во кариерата

Клупска кариера

КлубСезонаЛигашки натпревариКуп натпревариКонтинеталниВкупноЛигаНатпревариГоловиНатпревариГоловиНатпревариГоловиНатпревариГоловиРад2011–12Српска Суперлига700000702012–1323920—2592013–1411210—122Вкупно411130004411Витезе2013–14Ередивизија