мини|Стефан Хајдин во дресот на Црвена ѕвезда (со бр.34) во 2018 година Стефан Хајдин (Глина, 15 април 1994) е српски фудбалер кој моментално настапува за екипата на Вождовац.

Кариера

Почетоци Првите фудбалски чекори Хајдин ги направил во тимот на Јединство од Вршац, каде што тренирал како младо момче. Потоа во 2003 година тој се приклучил на помладата категорија на играчи на составот Црвена ѕвезда, предводена од директорот Томислав Милиќевиќ.Таму останал во наредните пет години, до својата 14-та година. Откако преминал во екипата на Земун, каде што и ја завршил својата младинска кариера и одиграл неколку натпревари за првиот тим во српската лига Белград. Подоцна настапувал за составот на БАСК Дунав од Стари Бановци и екипата на Раднички од Нова Пазова каде останал три полни сезони. Во летото 2016 бил член на екипа составена од играчи од фудбалски клубови од Војводина, кои учествувале во Купот на УЕФА регионалниот куп, како претставник на Фудбалскиот сојуз на Србија.

Спартак Суботица Во летото 2017 година Хајдин со помош на агентот Раша Бебиќ бил поврзан со Спартак од Суботица. По успешниот пробен период за време на летните подготовки, Хајдин потпишал четиригодишен професионален договор во месец јули. Својот прв натпревар го имал на натпреварот на отворањето на сезоната 2017/18 во српската Супер лига, против составот на Бачка од Бачка Паланка. Тоа било на 22 јули 2017 година. Во текот на есенскиот дел од сезоната, Хајдин одиграл вкупно 23 официјални натпревари, почнувајќи од самиот почеток. Притоа постигнал два гола и тоа во натпреварите против екипата на Земун во 11то коло, и составот во 22то коло со составот на Војводина од српското првенство.

Црвена ѕвезда Медиумите во Србија на почетокот на 2018 година ги објавиле преговорите помеѓу екипите на Црвена ѕвезда и Спартак по повод трансферот на Хајдин во белградскиот тим, што резултирало со негов потпис на договорот. Стефан Хајдин, официјално бил промовиран во клупските простории на 13 јануари 2018 година од спортскиот директор на клубот Митар Мркела и по тој повод избрал да го носи бројот 34 на својот дрес. Вредноста на договорот се проценувал на 200.000 евра, како и 20 прценти за неговиот поранешен клуб при наредната продажба. Хајдин својот прв настап за составот на Црвена ѕвезда го имал на 14 март 2018 година на Купот на Србија во натпреварот против составот на Мачва. Подоцна, тој го имал и првиот натпревар за составот на Црвена ѕвезда и во лигашка конкуренција. Хајдин влегол во игра во 52 минута на местото на соиграчот Милан Родиќ на натпреварот против сотавот на Војводина. Со екипата на Црвена ѕвезда, Хајдин ја освоил титулата српски фудбалски шампион за сезоната 2017/18. По пауза на крајот на сезоната, Хајдин ги поминал тестовите и присуствувал на првиот тренинг на тимот одржан на 11 јуни 2018 година. Подоцна ги направил комплетните подготовки со тимот на Златибор, но и во австрискиот град Виндшгарстен. Во подготвителниот период најчесто играл како лев бек, а на натпреварот против составот Бохимијан му асистирал на соиграчот Милан Павков со чиј гол победил составот на Црвена ѕвезда. По враќањето во Србија, Хајдин отсуствувал од списокот на лиценцирани играчи за квалификациите за Лигата на шампионите во сезоната 2018/19. Набргу потоа, во медиумите било објавено дека Хајдин го напушта тимот на Црвена ѕвезда. На почетокот на домашното првенство, Стефан Хајдин добил лиценца да се натпреварува во Супер лигата. Тој се нашол во стартниот состав на екипата на Црвена ѕвезда, за прв пат во домашното првенство и тоа во третото коло од сезоната 2018/19, кога ги одиграл сите 90 минути на гостувањето кај клубот на Вождовац. Хајдин, исто така, ги одиграл сите 90 минути во натпреварот од наредното коло против неговиот поранешен клуб, Спартак од Суботица. Црвена ѕвезда победила со резултатот од 3:0, а Хајдин ја испратил топката директно од аут до Милан Павков за постигнување на вториот гол. На натпреварот против составот на Младост од Лучани на 29 септември 2018 година, Хајдин изнудил пенал, кој подоцна го реализирал соиграчот Џонатан Кафу. Црвена ѕвезда го добила тој натпревар со резултат од 2ː1.

Вождовац Во јули 2019 година, екипата на Црвена ѕвезда го испратила Хајдин во сотавот на Вождовац како позајмен играч.

По истекот на договорот на крајот од календарската 2020 година со екипата на Црвена ѕвезда, Хајдин кон средината на месец јануари следната година потпишал двегодишен договор со клубот на Вождовац.

Начин на игра Стефан Хајдин бил висок 189 сантиметри, и најчесто настапувал како лев бек. Тој двете нозе ги користел подеднакво добро, што му овозможувало да влезе во средината од теренот и да се вклучи на крајот од акцијата. Има добри одлики на офанзивен дефанзивец, а во помладите години често играл во средниот ред. Во текот на својата кариера постигнувал голови од голема далечина. Како тренер на Црвена ѕвезда, Владан Милојевиќ го искористил Хајдин како играч покрај десната аут линија.

Статистика

Клупска статистика

+Клупска статистикаКлубСезонаЛигашки натпревариНационален купЕвропски натпревариДруги натпревариВкупноЛигаНатпревариГоловиНатпревариГолововиНатпревариГоловиНатпревариГоловиНатпревариГоловиЗемун2011/12.Српска лига на Белград40———402012/13.00———002013/14.00———00Вкупно40———40БАСК2012/13.Српска лига на Белград50———50Дунав од Стари Бановци2013/14.Српска лига на Војводина81———81Раднички од Нова Пазова2014/15.Српска лига на Војводина282———2822015/16.213———2132016/17.231———231Вкупно726———726Спартак од Суботица2017/18.Српска Суперлига22210——232Црвена ѕвезда2017/18.Српска Суперлига101000—202018/19.6020——802019/20.—————2020/21.0000——00Вкупно703000—100Вождовац (како позајмен играч)2019/20.Српска Суперлига26210——272Вождовац2020/21.17100——1712021/22.20210——212Вкупно6352000—655Вкупно во кариерата181146000—18714

Приватен живот Иако по потекло бил од Војниќ, за време на постоењето на Република Српска Краина, болницата во Глина била единствената што вршела породувања за време на војната во Хрватска, па според околностите Хајдин е роден во тоа место. По пристигнувањето во Србија, во детството Хајдин живеел во градот Вршац, а подоцна во Земун. Студирал на Факултетот за спорт и физичка култура на Универзитетот во Белград. Во слободното време Хајдин сакал да чита светски класици, а ги одделил писателите како Орхан Памук и Пауло Коелјо.

Трофеи, награди

Црвена ѕвезда

Освоена е Српската Супер лига (2): 2017/18, 2018/19.

Наводи

 Надворешни врски

Категорија:Фудбалери на ФК Црвена Ѕвезда Категорија:Српски фудбалери Категорија:Срби во Хрватска Категорија:Родени во 1994 година