мини|Милојевиќ во акција Тијана Милојевиќ (родена на 10 септември 1998 година) е одбојкарка од Србија. Таа настапува за екипата на ОК Црвена ѕвезда. Таа била член на одбојкарската репрезентација на Србија до 18 години во 2015 година, која го освоила сребрениот медал на Европското првенство во одбојка за млади и на Европскиот младински олимписки фестивал.
Кариера Тијана израснала во одбојкарскиот клуб на Црвена ѕвезда каде ги поминала сите помлади годишни категории. По пет години студирање во САД и играње за Универзитетот во Сиетл, Тијана се вратила во својот матичен клуб на Црвена ѕвезда.
Настапи за репрезентацијаа
Млади играчи до 18 години Во 2015 година, Милојевиќ ја претставувала српската одбојкарска репрезентација до 18 години. Настапувала на младинското Европско првенство во одбојка за девојки 2015 година, кое се одржало од 28 март до 5 април истата таа 2015 година. Тимот стигнал до финалето победувајќи ги одбојкарките на Италија и Германија, но во финалето загубил од репрезентацијата на Русија во пет сета. И покрај загубеното финале, Тијана била наградена за најдобро либеро на натпреварот. Три месеци подоцна, репрезентацијата на Србија до 18 години повторно настапувала во финалето на Европскиот младински летен олимписки фестивал 2015 година. Српската репрезентација повторно загубила во финалниот натпревар кој се одиграл на 1 август. Нивниот противник, репрезентацијта на Турција на тој натпревар повела со 2:0. Екипата на Тијана Милојевиќ ги добила наредните два сета, но на крајот го загубиле натпреварот во последниот сет со резултат од 8:15.
По младинското европско првенство во одбојка за девојки, Милојевиќ учествувала со тимот и на Светското првенство во одбојка до 18 години на ФИВБ за девојки во 2015 година од 7 до 16 август 2015 година. За жал, на тоа првенство репрезентацијата на Србија загубила во четвртфиналето од селекцијта на Италија. Го освоиле 5-то место во генералниот пласман, а тимот на Италија подоцна биле нови шампионки.
Јуниори за возраст до 19 години - У19 Во 2016 година, Милојевиќ била избрана во репрезентацијата на Србија до 19 години за Европското првенство во одбојка за жени до 19 години во 2016 година. Србија на крајот го освоила сребрениот медал откако во финалето загубила од Русија со 0:3.
Награди
Поединечни награди
Младинско Европско првенство во одбојка за девојки 2015 -Најдобро либеро Балканско првенство во одбојка за јуниорки 2016 година -Најдобро либеро
Репрезентативни награди
Млади играчи до 18 години - У18
Златен медал на Балканското првенство во одбојка за млади девојки 2015 година Сребрен медал на Младинското Европско првенство во одбојка за девојки 2015 година Сребрен медал на Европскиот младински летен олимписки фестивал 2015 година
Млади играчи до 19 години - У19
Сребрен медал на Јуниорското женско Балканско првенство во одбојка 2016 Сребрен медал на Европското првенство во одбојка за жени до 19 години 2016 година
Наводи
Надворешни врски Профил на играч на Светското првенство за девојчиња до 18 години 2015 година Пасош за играч на Scoresway Профил на играчот Worldofvolley
Категорија:Живи луѓе Категорија:Родени во 1998 година Категорија:Српски одбојкарки