мини|Даница Раденковиќ во 2014 година Даница Раденковиќ (родена на 9 октомври 1992 година во Ниш) е одбојкарска репрезентативка на Србија во женска конкуренција. Таа е одлична сетерка и мометално настапува за екипата на Казалмаџиоре.

Кариера Професионалната кариера на Даница Раденковиќ започнала во сезоната 2007-2008 година, кога за прв пат настапила во српската Суперлига со екипата на Шатор од Обреновац. Таму одиграла две сезони. Во 2009 година со селекцијата на Србија до 18 години ги освоила сребрените медали на Европското првенство и на светското првенство.

Во сезоната 2009-10 настапувала за екипата на Клек Србијашума, додека во наредните две години преминала во екипата на Спартак од Суботица. Подоцна таа била дел од српската селекција до 19 години и во 2010 година го освоила сребрениот медал на Европското првенство, на кое добила награда за најдобар дриблер.

Во сезоната 2012-13 Даница Раденковиќ била ангажирана за прв пат во странство, играјќи за екипата на Река од Пјаченца, клуб кој настапувал во италијанската А1 серија. Со новиот клуб Даница го освоила и Скудетото и Купот на Италија. Во 2012 година таа ги добила и првите прозивки во сениорската репрезентација. Во следната сезона таа настапувала во 1. Германска Бундес лига со клубот на Шверинер.

Во сезонта 2014-15 Даница пристигнала во Полска и настапувала во Лигата Сиатковки Кобиет за клубот Музина. Подоцна заминала во екипата на Атом Трефт Сопот каде играла во наредната сезона. Во сезоната 2016-17 Даница се преселила во Азербејџан, бранејќи ги боите на клубот Колор Aзераил од Баку. Следната година се вратила во составот на Музина. Подоцна во сезоната 2018-19 се вратила во најкавлитетното италијанско првенство во екипата на Казалмаџиоре.

Награди

Италијанско првенство: 1

2012-13

Куп на Италија: 1

2012-13

Репрезентативни награди

Европско првенство до 18 години 2009 година Светско првенство до 18 години 2009 година Европско првенство до 19 години 2010 година

Поединечни награди

2009 - Светско првенство до 18 години: Најдобар подавач 2010 - Европско првенство до 19 години: Најдобар подавач 2017 година - Супе лига: Најдобар подавач

Наводи

Надворешни врски Џиокатриче – Лега Палаволо Серија А Женска Даница Раденковиќ - Сезона 2017/2018 - Заводнички - Лига Сиатковки Кобиет ЦЕВ - Европска одбојка конфедерација Сликата на FIVB.org

Категорија:Живи луѓе Категорија:Родени во 1992 година Категорија:Српски одбојкарки