Топчидерските Езера се најмалите белградски вештачки езера на територијата на општината Савски венац, кои течат низ Топчидер и се наоѓаат на околу 4,5 километри од центарот на Белград.Удаљеност Топчидерских језера од центра Београда
Одлики и историјатот Уште во времето на владеење на кнезот Милош Обреновиќ ТопчидерК. Митровић, Топчидер двор кнеза Милоша Обреновића, Београд 2008 станал најзначајното место во околината на Белград, а неговиот посебен шарм го сочинувале трите мали вештачки езера кои се полнат со вода од Топчидереската чешма.Београдска језера - Топчидер Најмалото езерце се наоѓа во подрачје со густа шума, па затоа во текот на целата година е под сенка и водата од него оди директно во Топчидерската река. Средното езеро по големина е воедно и најдлабоко од сите Топчидерски езера, а во неговата средина се наоѓа мал вештачки остров од камења. Третото и најголемо Топчидерско езеро е во форма на осумка и над него се наоѓа дрвен мост. Во најголемото езеро нема риба, што е голема штета, бидејќи со вода се полни од бистар поток кој никогаш не пресушува преку Топчидерската чешма, додека во најмалото и средното езеро има риби, патки и гуски, но риболовот е забранет. Сите езера се уредени со утврден брег и се дел од стариот белградски парк-излетиште Топчидер.Језера као замућена огледала Београда
Галерија
Наводи
Литература
Категорија:Вештачки езера Категорија:Езера во Србија