Горазд Охридски (IX век) ― ученик на Свети Кирил и Методиј. Еден од Светите Седмочисленици.
лево|мини|Седмочисленици, 7 учители кои на Словените ја донеле глаголицата и кирилицата. Од лево: Св Наум, Св Климент, Св Сава, Св Методиј, Св Ангелариј, Св Кирил и Св Горазд. Фреската е дел од нартексот во манастирот Св. Наум, Македонија. 1806 година. Се смета дека бил Моравец кој одлично го знаел словенскиот и латинскиот јазик. За неговата висока наобразба и способност, сведочат „Панонските легенди“. Припаѓа на групата на таканаречени Седмочисленици, во којашто покрај солунските браќа влегуваат и светите Климент, Наум, Горазд, Ангелариј и Сава. Пред да почине Методиј го определил Горазд за свој наследник. Неговата дејност по пргоноството од Моравија не е доволно позната.
Наводи
Категорија:Македонски писатели Категорија:Македонски филозофи Категорија:Велика Моравија Категорија:Словенска култура Категорија:Христијани од 9 век Категорија:Христијански светци од 9 век