Данило Киш (Суботица, - Париз, ) — југословенски и српски писател.Књижевни погледи Данила Киша: ка поетици Кишове прозе / Јован Делић. – Београд: Просвета, 1995. – 337 стр. (Библиотека Књижевни свет). – ISBN 86-07-000885-4 Данило Киш е еден од најинтересните писатели на балканските простори од втората половина на XX век, кој со своите несекојдневни прозни остварувања доживеал успех и на светската книжевна сцена. Неговите смели раскажувачки постапки колку што биле прифаќани и одобрувани, толку биле и причина за полемички однос кај дел од тогашните критичари.

Животопис Данило Киш е роден во Суботица во 1935 година, од татко Едвард Киш, унгарски Евреин и мајка Милица Драгичевиќ, која била Црногорка."http://kis.org.rs/web/Acitav/B/index.htm" Татковото презиме отпрвин било Кон, но таткото го променил во унгарското Киш. До 1942 година, Киш живеел со родителите во Нови Сад, каде го започнал основното образование, но потоа, семејството се преселило во Унгарија, во родниот крај на татко му, каде Киш го завршил основното училиште и два класа гимназија. По одведувањето на татко му во логорот Аушвиц во 1944 година, Данило Киш, заедно со остатокот на семејството бил однесен во Цетиње со посредство на Црвен крст. Таму, Данило Киш живеел до крајот на своето образование.

Во 1954 се запишал на Филозофскиот факултет во Белград а во септември 1958 година, како прв студент, дипломирал на Катедрата за општа книжевност. Од 1962 до 1964 година, Киш престојувал во Стразбур, каде работел како лектор за српскохрватски јазик. Подоцна, во 1974 година, тој работел како лектор за српскохрватски јазик на Универзитетот во Бордо.

Од 1962 до 1981 година бил во брак со Мирјана Миочиновиќ, а по разводот живеел со Паскал Делпеш, сè до својата смрт. Од 1979 година, Киш живеел во Париз и четири години работел како лектор на Универзитетот во Лил. Данило Киш починал на 15 октомври 1989 година, во Париз, каде одредено време се лекувал од рак на белите дробови.

|мини|десно|200п|Биста на Данило Киш во Суботица, дело на Ержебет Вајл

Творештво Уште како студент, Киш објавувал поеми, есеи, раскази и преводи од унгарски, руски и француски јазик, најчесто во списанието Видици чиј уредник бил од 1957 до 1960 година. Неговиот прв роман, „Псалм 44“, го напишал во 1955 година, а потоа следело делото „Мансарда“, 1960. Првата негова објавена книга, во еден том ги содржи и двата романа. Романот „Градина, пепел“ е првото позначајно прозно дело на Киш, објавено во 1965 година, во Белград. Романот бил напишан во тек на неговиот престој во Стразбур, а во тоа време работел и на преводите на Лотреамон, Пол Верлен, „Стилски вежби“ од Ремон Кено и поезијата на Ендре Ади. Во 1970 година, во Белград, Киш ја објавил книгата раскази „Рани јадови“.

Потоа, во 1972 година се појавил романот „Песочен часовник“ и за него Киш ја добил НИН-овата награда која неколку години подоцна ја вратил. Истата година, тој ја објавил збирката есеи „По-етика“. Во 1974 година ја објавил и втората збирка „По-етика (интервјуа)“, а две години подоцна се појавила и збирката раскази „Гробница за Борис Давидович“. Истата година започнале нападите врз книгата, поради наводен плагијат, кои траеле со месеци. По кратките полемички одговори, во 1977 година, Киш го напишал делото „Час по анатомија“. Истата година, за „Гробницата на Борис Давидович“ ја добил наградата „Иван Горан Ковачиќ“. За својот севкупен книжевен труд, во 1980 година, Киш ја добил француската книжевна награда Grand aigle d`or de la ville de Nice. Собраните дела на Данило Киш биле објавени во 1983 година, во десет тома, во Белград и во Загреб. За збирката раскази „Енциклопедија на мртвите“, Киш ја добил наградата Иво Андриќ во 1984 година, а во 1986 и наградата Скендер Куленовиќ.„Енциклопедија мртвих“ - 30 година од првог објављивања („Вечерње новости“, 16. септембар 2013) Неговите изабрани дела, проза во седум книги, биле објавени во 1987 година, во Белград и во Сараево. Таа година, Киш ја добил наградата „7 јули“ а во 1988 година бил избран за дописен член на САНУ и добил две важни меѓународни награди: во Италија Premio letterario Tevere и во Германија Preis des Literaturmagazins. Истата година ја добил наградата „АВНОЈ“. Американскиот ПЕН во 1989 година му ја доделил наградата Bruno Schulz Prize.

Неговите посмртни изданија се: „Живот, литература“ (есеи, разговори, дел ракописи), Сараево (1990) „Горчливиот талог на искуството“ (интервјуа), Сараево (1990) „Песни и препеви“, Белград (1991) „Семеен циклус“ (1993) (ги содржи: „Рани јадови“, „Градина, пепел“ и „Песочен часовник“) „Лејта и лузни“, Белград (1994) „Собрани дела“ во 14 тома (1995) „Избрани дела“ во седум тома, Белград (2015-2016)Danilo Kiš, Enciklopedija mrtvih. Beograd: Arhipelag, 2015.

Значење и влијание Киш претставува тема на краткиот расказ „Кишовиот нож“ на македонската писателка Оливера Ќорвезироска од 2021 година.Оливера Ќорвезироска, Престапни години (прозен календар). Скопје: Бегемот, 2021, стр. 468-469.

Литература Књижевни погледи Данила Киша: ка поетици Кишове прозе / Јован Делић. – Београд: Просвета, 1995. – 337 стр. (Библиотека Књижевни свет). – ISBN 86-07-000885-4 Кроз прозу Данила Киша: ка поетици Кишове прозе II / Јован Делић. – Београд: Београдски издавачко-графички завод, 1997. – 541 стр. (Библиотека Посебна издања). – ISBN 86-13-00854-2 Киш / Михајло Пантић. – Нови Сад: Светови; Београд: Књига-комерц, 1998. – 139 стр. (Библиотека Светови). – ISBN 86-7047-300-3 Danilo Kiš: život & delo i brevijar / Viktorija Radič. S mađarskog jezika preveo Marko Čudić. – Beograd: LIR BG; Forum pisaca, 2005. – 453 str.: ill. (Velika biblioteka Foruma pisaca). – ISBN 86-83463-18-4 Споменица Данила Киша: поводом седамдесетогодишњице рођења / уредник Предраг Палавестра. – Београд: Српска академија наука и уметности, 2005. – VII, 789 стр. (Посебна издања; књ. 660. Одељење језика и књижевности, књ. 57). – ISBN 86-7025-392-5 „Потрага за улицом дивљих кестенова“ - Суботичке успомене (на) Данила Киша/ Бошко Крстић, Нови Сад: Библиотека Матице српске 2007- ISBN 978-86-84247-09-6 cobiss.sr-id 220849927

Надворешни врски Мрежно место посветено на Данило Киш Dossier Kiš sur Vox Poetica www.danilokis.org Danilo Kis poems including some translations

Наводи

Категорија:Луѓе од Суботица Категорија:Југословенски писатели Категорија:Српски раскажувачи Категорија:Српски романописци Категорија:Срби од 20 век Категорија:Добитници на наградата „АВНОЈ“ Категорија:Добитници на Андриќевата награда Категорија:Добитници на НИН-овата награда Категорија:Српски писатели Категорија:Српски Евреи Категорија:Академици на САНУ Категорија:Апсолвенти на Белградскиот универзитет Категорија:Починати во Париз Категорија:Погребани во Алејата на заслужните граѓани на Новите гробишта (Белград)