Гелор Канга (р. , во Ојем) — габонски фудбалер, на и на габонската репрезентација.
Кариера Канга е роден во Ојем, Габон. Во својата татковина тој играл за екипите на Мангаспорт (2007-2010), Мисил (2010-2012) и Мунана од Либрвил со која во сезоната 2012-2013 го освоил Купот на Габон.
На 9 февруари 2013 година, потпишал три и пол годишен договор со рускиот Ростов, со што ја започнал својата кариера на европскиот континент. Своето деби во Премиер лигата на Русија го направил на 9 март 2013, против екипата на Аланија. Во сезоната 2013-2014, под водството на тренерот Миодраг Божовиќ, Канга со Ростов го освоил Купот на Русија; во финалето против Краснодар кое Ростов го добил по изведување пенали, Канга го започнал натпреварот како стартер но поради повреда излегол уште во 18-тата минута и бил заменет од некогашниот фудбалер на Ливерпул, Флоран Синама Понгол. Канга бил играч на Ростов до летото 2016 година, а вкупно за клубот одиграл 82 натпревари и постигнал 8 голови.
На 1 јули 2016 година, Канга потпишал двегодишен договор со Црвена ѕвезда, во која стигнал на барање на тренерот Божовиќ кој го тренирал и претходно во Ростов.
На 2 февруари 2018 година, Спарта Прага го купила Канга за необјавена сума.
На 31 јули 2020 година, Канга се вратил во Црвена ѕвезда, потпишувајќи тригодишен договор со клубот. Во сезоната 2020-2021, со црвено-белите ги освоил првенството и купот на Србија.
Репрезентативна кариера За репрезентацијата на Габон дебитирал во 2012 година, во пријателски натпревар против . Од тогаш тој бил редовен репрезентативец на својата земја и настапил за Габон на три изданија на Африканскиот куп на нации во 2015, на домашен терен во 2017 и во 2021 година.
Титули thumb|right|Канга со Ростов во 2015 година Мангаспорт Габонско првенство : 1 2007-2008
Мисил Габонско првенство : 1 2010-2011
Мунана Куп на Габон : 1 2013
Ростов Куп на Русија : 1 2013-2014
Спарта Прага Куп на Чешка : 1 2019-2020
Црвена ѕвезда Суперлига на Србија : 1 2020-2021 Куп на Србија : 1 2020-2021
Наводи
Надворешни врски
Гелор Канга на soccerway Гелор Канга на transfermarkt Гелор Канга на eurosport Гелор Канга на whosocred
Категорија:Живи луѓе Категорија:Габонски фудбалери Категорија:Фудбалери на ФК Црвена Ѕвезда Категорија:Фудбалери на ФК Спарта Прага