Исаија (Исаче) Мак(а)риев Фрчковски (1843 - 1881) — истакнат македонски зограф и иконописец од познатото творечко семејство Фрчковци, претставник на Дебарската школа.
Живот и дела Роден е в големата мијачка паланка Галичник во 1843 г. како син е на познатиот копаничар и зограф Макариј Фрчковски. Тројцата браќа на Исаија исто така биле зографи — Христо (1841 – 1893), Кузман (1844 – 1899) и Серафим (1845 – 1869).Милчева, Христина. Разговор за дърворезбата, Издателство Отечество, София, 1989, стр. 40 Заедно со браќата работел во Егејска, Пиринска и Вардарска Македонија, но и во околните земји. Делувале во Охрид, во Солунско, во Дојранско – во Порој, во Драмско – Алистратик, во Серско – во „Св. Бессребреници“, во „Св. Димитриј“ во Димитрич, во „Собор на Дванаесетте Апостоли“ во Авдамал, во „Св. Ѓорѓи“ во Хункос, во „Св. Константин и Елена“ во Тахино, во Белица и во „Успение на пресв. Богородица“ во Либјахово и други. мини|250п|Живопис од „Пресв. Богородица" во Петрич Едно од првите дела на браќата е живописувањето на фреските на сите ѕидови во наосот и нартексот и сликањето на иконите за иконостасот во црквата „Св. Богородица“ во Петрич во 1871 г. Над западната врата одвнатре е поставен натпис кој вели „Овој храм е зографисан со помошшта на сите христијани од овој град. 13 јули 1871 г. Зографирали: Христо съ съдружници Исакий и Кузманъ Макриеви отъ Дебъръ“. Насликале огромен број библиски композиции, ликови на светци, пророци и друго, вклучувајќи и сложени композиции со многу претстави. Под Богородица Пошриока од небесата во олтарната апсида е Евхаристијата — Христос со по шест апостоли од секоја страна. На западниот ѕид е „Архангел Михаил му ја одзема душата на богатиот“ и сцената „Угостувањето на богатиот Лазар и сиромавиот“ и огромна глава на змеј, која го лапнува богаташот. Композицијата е своевидно склопена и силно впечатлива – таквиот сплет на трите сцени е уникатен. Однадвор на западниот ѕид (источниот на нартексот) се големите композиции „Одење кај гатачката“ и „Страшниот суд“. Првата јапокаува богатата фантазија на уметниците, а втората е со сложени сцени со многу лица во учество. Иконостасните икони во црквата биле поквалитетни од фреските.
Потоа во 1872 г. браќата прешле на работа во црквата „Св. Ѓорѓи“ во Струга, а подоцна во Врањско, по што се разделиле — Христо работел сам во Босна, а Исаија и Кузман заедно. Двајцата работеле во Штипско, Овчеполието и Кочанско — во Виница, Кочани, Зрновци, Горни и Долни Балван, Долно Трогерци и други места. Икона на Светата Троица од Исаја има во црквата „Воведение на пресв. Богородица“ во Шлегово со натпис „Из рука Исаја Макариов Дебрали от село Галичник 1874“.
Исаија е автор на иконите на северната и јужната врата на иконостасот во црквата „Св. Атанасиј“ во кочанско Оризари, кои ги работел во 1875 и 1876 г. при обновата на црквата.
Откако се вратил од Босна, Христо ја собрал својата тајфа и заедно со некои од нивните синови работеле во Пловдивско, каде во 1878 г. ги затекнало ослободувањето на Бугарија. Христо заедно со Исаија и Кузман сликал во црквите „Св. Ѓорѓи“ и „Св. Петка“ во Пловдив и по околните села. Работеле и во црквите во Куклен и во „Св. Никола“ во Катуница, Пловдивско. Подоцна Исаја заминал за „Пантелејскиот манастир“ кај кочанското село Пантелеј, каде починал во 1881 г.
Родословие
Поврзано Фрчковци
Наводи
Категорија:Македонски зографи Категорија:Македонски иконописци Категорија:Претставници на Дебарската школа Категорија:Родени во 1843 година Категорија:Починати во 1881 година Категорија:Луѓе од Галичник Категорија:Фрчковци Категорија:Починати во Пантелеј