мини|Михаило Ристиќ во 2017 година Михаило Ристиќ (роден на 31 октомври 1995 година) е професионален српски фудбалер кој настапува како централен играч за врска или како лев бек. Моментално ги брани боите на францускиот клуб Монпелје.

Клупска кариера

Црвена ѕвезда од Белград Михаило Ристиќ е роден во Бјелина. На почетокот на неговата кариера, за време на младинскате конкуренции настапувал во екипите на Партизан од Доња Трнова и Рудар од Угљевиќ, пред да се пресели во составот на Црвена ѕвезда од Белград. Патот до тимот од Белград на почетокот на 2013 година бил обезбеден благодарејќи на скаут потрагата на луѓето задолжени за тоа. Тој станал еден од најдобрите играчи во младинските тимови на Црвена ѕвезда и за кратко време бил повикан во првиот тим на клубот под раководство на тренерот Рикардо Са Пинто. Тоа се случило на последниот лигашки натпревар од сезоната 2012-13 против екипата на Војводина. На тој натпревар не успеал да влезе во игра бидејќи бил на клупата за резервни играчи. По завршувањето на неговата младинска кариера, Ристиќ во месец јули 2014 година, го потпишал својот прв професионален договор со екипата на Црвена ѕвезда од Белград. Својот прв натпревар во српската Суперлига за составот на Црвена ѕвезда од Белград го имал на 9 август 2014 година, под раководство на тренерот Ненад Лалатовиќ. На тој натпревар Ристиќ го заменил соиграчот Вукан Савиќевиќ во 82 минута во победата од 2:0 против екипата на Раднички од Ниш. Во текот на сезоната, тој најмногу бил користен на позицијата дефанзивен играч за врска. Откако Миодраг Божовиќ станал првиот тренер на екипата на Црвена ѕвезда од Белград, Ристиќ ја започнал сезоната 2015–16 како резервен играч. Сменил неколку позиции на теренот, играјќи како централен или како играч на левата страна. Во некои ситуации бил поставен и на позицијата лев бек. На почетокот на сезоната 2016–17, Михаило Ристиќ дефинитивно ја сменил својата позиција, но го променил и бројот на дресот земајќи го бројот 73 (претходно го носел 24 и 36). Откако соиграчот Луис Ибањез го напуштил клубот, Ристиќ конечно станал првиот избор како лев бек. Новата позиција му донела можност да создава аситенции, па така во третиот натпревар од сезоната 2016–17 во српската Суперлига против составот на Младост Лучани тој остварил две асистенции за своите соиграчи. На 14 септември 2016 година, Михаило Ристиќ го продолжил договорот со клубот до летото 2020 година.

Краснодар На 30 јуни 2017 година, Ристиќ потпишал 5-годишен договор со рускиот прволигаш ФК Краснодар. Пријавената сума се верува дека се движела околу 2 милиони евра плус 20 проценти од евентуалниот нареден трансфер. Ристиќ својот прв натпревар за новиот клуб го имал во првиот натпревар од третото квалификациско коло за УЕФА Лига Европа 2017-18. Натпреварот се одиграл на 27 јули 2017 година, на домашен терен против екипата на Лингби Болдклуб и екипата на Ристиќ победила со резултат од 2:1. На 17 август 2017 година, во првиот натпревар од плеј-оф фазата за 2017–18 УЕФА Европа Лигата, Ристиќ постигнал гол од далечина против неговиот поранешен клуб Црвена ѕвезда. Сепак, ниту главниот судија ниту линискиот судија не го признале регуларниот гол, па играта продолжила понатаму. Конечниот резултат бил запишан како победа на екипата на Краснодар со резултат од 3:2.

Спарта Прага На 2 февруари 2018 година, тој се преселил како позајмен играч во чешкиот клуб Спарта од Прага за времетраење од една година со можност за целосно откупување на договорот.

Монпелје На 12 јануари 2019 година, тој се приклучил на францускиот клуб Монпелје.

Репрезентација Михаило Ристиќ бил член на српската фудбалска репрезентација до 19 години помеѓу 2013 и 2014 година. Во тој период Ристиќ на некои натпревари настапил како лев бек. Во 2015 година, бил повикан во репрезентацијата до 20 години под раководство на тренерот Вељко Пауновиќ во 2015 година, но подоцна го пропуштил Светското првенство за играчи до 20 години поради болест наречена тонзилектомија. Селекторот на српската фудбалска репрезентација до 23 години, Милан Раставац го поканил за ревијалниот натпревар против селекцијата на Катар во месец декември 2015 година. Ристиќ бил повикан и за првпат настапил за репрезентацијата на Србија до 21 година на натпреварот против репрезентацијата на Андора, одигран во месец март 2016 година. Во месец септември 2016 година, селекторот Славољуб Муслин го поканил Ристиќ за пријателскиот натпревар на фудбалската репрезентација на Србија против тимот на Катар. Ристиќ својот прв натпревар за фудбалската репрезентација на Србија го имал во пријателскиот натпревар против екипата на Катар (3:0).

Статистика во кариерата

Клупска статистика

+Одиграни натпревари, постигнати голови за различни клубови и во различни сезониКлубСезонаЛигашки натпревариКуп натпревариКонтинентални натпревариДруги натпревариВкупноЛигаНатпревариГоловиНатпревариГоловиНатпревариГоловиНатпревариГоловиНатпревариГоловиЦрвена ѕвезда од Белград2012–13Суперлига00———002013–14000000—002014–1523220——2522015–162922010—3222016–172635030—343Вкупно7879040—917Краснодар2017–18Руска премиер лига401030—80Спарта Прага (како позајмен играч)2017–18Прва фудбалска лига на Чешка200000—202018–19100010—20Вкупно300010—40ФК Монпелје2018–19Лига 11010000001012019–201802000102102020–213403000003702021–22220000000220Вкупно841500010901Вкупно во кариерата169815080101938

Меѓународна статистика

+Настапи и голови во репрезентација по година Репрезентација Година Натпревари Голови Србија 2016 година 1 0 2017 година 0 0 2018 година 0 0 2019 година 0 0 2020 година 4 0 2021 година 2 0 Вкупно 7 0

Признанија

Клупски признанија Црвена ѕвезда од Белград

Освоена е Српската Суперлига (2): 2013–14, 2015–16

Наводи

Надворешни врски Статистика на Михаило Ристиќ на utakmica.rs (на српски)

Категорија:Фудбалери на ФК Црвена Ѕвезда Категорија:Фудбалери на ФК Краснодар Категорија:Фудбалери на ФК Спарта Прага Категорија:Фудбалери на ФК Монпелје Категорија:Фудбалери на ФК Бенфика Категорија:Фудбалери на ФК Селта Виго Категорија:Српски фудбалери Категорија:Срби во Босна и Херцеговина Категорија:Луѓе од Бијељина Категорија:Живи луѓе Категорија:Родени во 1995 година