Извор — археолошко наоѓалиште во кавадаречкото село Дебриште, Општина Росоман. Претставува рудник за мермер од римско и доцноантичко време.

На западниот раб на селото, од левата страна на долот се констатирани траги од стара експлоатација на мермер, и тоа на неколку места. На локалитетот има фрагменти од питоси. Рударски алатки не се најдени. Се претпоставува дека мермерот бил употребуван за изградба на објекти во Стоби.

Поврзано

Список на археолошки наоѓалишта во Кавадаречко

Наводи