ФК Динамо Врање е српски фудбалски клуб од Врање. Основан е во 1947 година и моментално се натпреварува во Српската лига Исток, третото натпреварувачко ниво на српскиот фудбал.

Историја Фудбалскиот клуб Динамо од Врање е основан во 1947 година, а името го добил по неколку клубови од тогашниот Советски Сојуз . Клубот главно собирал напредна младина од левичарска ориентација, која била заинтересирана за фудбалот уште пред почетокот на Втората светска војна. Градскиот стадион е изграден во 1951 година, но тимот на Динамо денеска не игра на него, туку е „потстанар“ на стадионот на Памучниот комбинат Јумко.

Клубот во минатото се натпреварувал во различни рангови, но најголемите успеси се поврзани со поновата историја. Периодот на искачување започна со сезоната 2005/06 кога клубот го освои 1-то место во Српската лига Исток за прв пат се пласирал во Првата лига на Србија, втор натпреварувачки ранг. Веќе по првата сезона Динамо се вратил во третото рангирање, но на крајот од сезоната 2007/08 го повтори истиот успех. По три сезони во првата лига, следел период на слаби резултати и пад на четвртиот ранг на натпреварување. Сезона 2014/15 повторно донела пласман во Првата лига на Србија, исто така со освојување на првото место, а по три нови сезони во овој ранг на натпреварувањето, бил постигнат историски успех. Имено, со освоеното второ место во сезоната 2017/18, Врањанците за првпат обезбедил пласман во елитниот ранг, Српската Суперлига .

Динамо останал во највисокиот ранг, српската Суперлига, само една година. На крајот од сезоната 2018/19 клубот го зазеде 14-тото место, морал да оди во бараж за опстанок во највисокиот ранг. Во баражот екипата на Инѓија била подобра со вкупен резултат 3:2 (пораз од Инѓија 3:0 и победа 2:0 дома).

Понови резултати СезонаРангЛигаПозицијаИГДНПГДГПГРБодКуп2006/07.2Прва лига на Србија16. 15x15пкс381015133337–445Не се квалификувал2007/08.3Српска лига Исток1. 15x15пкс3019835721 +3665Претколо2008/09.2Прва лига на Србије13.34912133639–339Не се квалификувал2009/10.2Прва лига на Србија13.34127153238–643Шеснаестина финале2010/11.2Прва лига на Србија15. 15x15пкс3475222365–4226Претколо2011/12.3Српска лига Исток9.30125133538 -341Претколо2012/13.3Српска лига Исток15. 15x15пкс3094173850 -1231Не се квалификувал2013/14.4Нишка зона3.30191107336 +3755 (-3)Не се квалификувал2014/15.3Српска лига Исток1. 15x15пкс3021275730 +2765Не се квалификувал2015/16.2Прва лига на Србија12.30115142738–1138Не се квалификувал2016/17.2Прва лига на Србија8.30109113343 -1039Шеснаестина финале2017/18.2Прва лига на Србија2. 15x15пкс3020374724 +2363Шеснаестина финале2018/19.1Суперлига на Србија14. 15x15пкс 3796222368 -4523 (33)Шеснаестина финале2019/20.2Прва лига на Србија11.30107133438 -437Шеснаестина финале2020/21.2Прва лига на Србија13.15x15пкс34115183953 -1438Шеснаестина финале2021/22.3Српска лига Исток—————————Шеснаестина финале

Познати поранешни играчи

Дејан Стефановиќ Дејан Османовиќ Војислав Станковиќ Драган Антиќ

Тренери

ПериодИме и презиме2006–2007 Слободан Халиловиќ2007–2008 Небојша Максимовиќ2008–2009 Младен Додиќ2009 Миљојко Гошиќ2009–2010 Радмило Јовановиќ2010 Мирослав Кнежевиќ2010 Миле Вулетиќ2010 Предраг Пршиќ2011 Александар Антиќ2011–2012 Давор Тасиќ2012 Срѓан Пауновиќ2013 Синиша Станчиќ2013–2014 Иван Јовановиќ

ПериодИме и презиме2014 Милан Димоски2015 Владимир Пантелиќ2015 Саша Штрбац2015 Миодраг Радановиќ2015–2016 Владан Петровиќ2016 Саша Мркиќ2016–2018 Драган Антиќ2018 Радмило Јовановиќ2018–2019 Драган Антиќ2019 Урош Калиниќ2019 Радмило Јовановиќ2019– Драган Антиќ

Наводи

Белешки

Надворешни врски

Резултати на Динамо на srbijasport.net

Категорија:Фудбалски клубови од Србија