Џиро д’Италија 2020 (позната и како Трка околу Италија 2020) — 103. издание на велосипедската голема трка Џиро д’Италија, која се одржала помеѓу 3 и 25 октомври, откако првично била одложена поради пандемијата на КОВИД-19. Првично требало да се одржи од 9 до 31 мај 2020 година, како прва голема трка во сезоната. Почетокот на Џиро 2020 бил планиран да се одржи во Будимпешта, Унгарија, што ќе било 14. пат Џиро да започне надвор од Италија и првпат некоја голема трка да започне во Унгарија.

Трката била нарушена поради пандемијата на КОВИД-19 во Италија и во март 2020 година била одложена, како и останатите трки во раниот дел од сезоната во Италија. Кога владата на Унгарија објавила дека тие нема да дозволат да се случи почетокот на Џиро 2020, организаторот RCS Sport одлучил да ја одложи трката за подоцнежен датум. На 15 април, UCI објавиле дека обете големи трки, Џиро и Вуелта ќе се одржат наесен по Светското друмско првенство. На 5 мај, UCI објавиле дека Џиро ќе се одржи помеѓу 3 и 25 октомври.

Трката била освоена од Тео Гејган Харт од Обединетото Кралство, кој завршил 39 секунди пред Австралиецот Џеј Хиндли.

Екипи

Бидејќи Џиро д’Италија е настан од Светската турнеја, сите деветнаесет UCI World Tour екипи биле автоматски поканети и се обврзани да учествуваат на трката. Дополнително, три професионални континентални екипи биле поканети, со што била заокружена главната група од 22 екипи. Екипите биле објавени на 16 јануари 2020 година. На 13 октомври 2020 година, пред почетокот на десеттата етапа, и ги повлекле сите преостанати возачи од трката поради позитивни тестови на КОВИД-19.

Фаворити пред трката

Герајнт Томас (), првакот од Тур де Франс 2018, бил сметан за фаворит пред трката. Сајмон Јејтс () бил сметан за еден од неговите главни соперници откако го победил Томас на подготвителната трка Тирено-Адријатико. Стевен Краусвејк (), претходен предводник во 2016, бил уште еден фаворит, како и единствниот претходен освојувач во групата – двократниот победник Винченцо Нибали (). Тројката од на Јакоб Фуглсанг, Мигел Анхел Лопес и Александар Власов биле сметани за можни победници. Други возачи сметани за кандидати за победа биле Рафал Мајка () и Вилко Келдерман (). Ремко Евенепул () бил сметан за фаворит, но не настапил на трката поради повреди здобиени на Џиро ди Ломбардија.

Возачи за кои се верувало дека ќе освојат победи на спринтерските етапи биле Арно Демар (), Фернандо Гавирија (), Петер Саган (), Елија Вивијани () и Мајкл Метјус ().

Рута и етапи

Поредок

+ Поредок по етапа Етапа Победник Генерален пласман25п|link=Генерален пласман на Џиро д’Италија Бодовен пласман25п Планински пласман25п Пласман за млад возач25п|link=Пласман за млад возач на Џиро д’Италија Трофеј Супер екипа Пласман на средни спринтови Награда за борбеност Пласман за бегство Пласман „добра игра“ 1 Филипо Гана Филипо Гана Филипо Гана Рик Цабел Филипо Гана недоделена Филипо Гана недоделена 2 Диего Улиси Диего Улиси Петер Саган Томас де Гент Томас де Гент Бен Гаштауер 3 Џонатан Кајседо Жоао Алмеида Џонатан Кајседо Жоао Алмеида Џонатан Кајседо Џовани Висконти 4 Арно Демар Петер Саган 5 Филипо Гана Филипо Гана Филипо Гана 6 Арно Демар Арно Демар Матија Баис Матија Баис 7 Арно Демар Марко Фрапорти Арно Демар 8 Алекс Даусет 9 Рубен Гереиро Рубен Гереиро Рубен Гереиро Салваторе Пучо 10 Петер Саган Петер Саган 11 Арно Демар Матија Баис 12 Хонатан Нарваес 13 Диего Улиси Симон Пело Симон Пело 14 Филипо Гана 15 Тео Гејган Харт Џовани Висконти 16 Јан Тратник 17 Бен О'Конор Рубен Гереиро Томас де Гент 18 Џеј Хиндли Вилко Келдерман Џеј Хиндли 19 Јозеф Черни 20 Тео Гејган Харт Џеј Хиндли 21 Филипо Гана Тео Гејган Харт Тео Гејган Харт На крај Тео Гејган Харт Тео Гејган Харт Симон Пело Матија Баис

На втората етапа, Жоао Алмеида, кој бил втор во бодовниот пласман, ја носел маичка циклама, бидејќи првопласираниот Филипо Гана ја носел розовата маичка како предводник на генералниот пласман. Бидејќи Гана и Алмеида биле исто така првите двајца возачи во пласманот за млад возач, Микел Бјерг, кој бил трет во пласманот за млад возач, ја носел белата маичка. На третата етапа, Жоао Алмеида, кој бил втор во пласманот за млад возач, ја носел белата маичка, бидејќи првопласираниот Филипо Гана ја носел розовата маичка како предводник на генералниот пласман. На етапите 4–10, Харм Ванхауке, кој бил втор во пласманот за млад возач, ја носел белата маичка, бидејќи првопласираниот Жоао Алмеида ја носел розовата маичка како предводник на генералниот пласман. На етапите 11–14 и 16–18, Џеј Хиндли ја носел белата маичка од истата причина, како Брендон Мекналти на етапата 15. На етапата 21, Тео Гејган Харт, кој бил втор во пласманот за млад возач, ја носел белата маичка, бидејќи првопласираниот Џеј Хиндли ја носел розовата маичка како предводник на генералниот пласман.

Пласмани

+ЛегендаГо означува предводникот на генералниот пласманГо означува предводникот на планинскиот пласманГо означува предводникот на бодовниот пласманГо означува предводникот на пласманот за млад возач

Генерален пласман

Бодовен пласман

+ Завршен бодовен пласман (1–10) Место Возач Екипа Бодови 1 20п 233 2 184 3 108 4 87 5 78 6 78 7 77 8 70 9 20п 20п 66 10 61

Планински пласман

+ Завршен планински пласман (1–10) Место Возач Екипа Бодови 1 20п 234 2 20п 20п 157 3 122 4 119 5 71 6 71 7 55 8 48 9 45 10 44

Пласман за млад возач

+ Завршен пласман за млад возач (1–10) Место Возач Екипа Бодови 1 20п 20п 85ч 40' 21" 2 + 39" 3 + 2' 57" 4 + 35' 29" 5 + 37' 41" 6 + 38' 10" 7 + 45' 04" 8 + 1ч 02' 57" 9 + 1ч 03' 46" 10 + 1ч 13' 49"

Победничка екипа

+ Завршен екипен пласман (1–10) Место Екипа Време 1 2 + 22' 32" 3 + 28' 50" 4 + 32' 50" 5 + 1ч 12' 34" 6 + 1ч 49' 59" 7 + 2ч 04' 38" 8 + 2ч 08' 26" 9 + 2ч 29' 44" 10 + 2ч 42' 36"

Пласман на средни спринтови

+ Завршен пласман на средни спринтови (1–10) Место Возач Екипа Бодови 1 78 2 56 3 44 4 34 5 28 6 25 7 21 8 20 9 19 10 17

Награда за борбеност

+ Завршен пласман за борбеност (1–10) Место Возач Екипа Бодови 1 55 2 52 3 20п 20п 45 4 20п 45 5 40 6 39 7 37 8 36 9 35 10 20п 33

Пласман за бегства

+ Завршен пласман за бегства (1–10) Место Возач Екипа Километри 1 458 2 428 3 352 4 336 5 320 6 307 7 304 8 304 9 263 10 237

Пласман „добра игра“

+ Завршен пласман „добра игра“ (1–10) Место Екипа Бодови 1 0 2 0.5 3 20 4 20 5 20 6 40 7 60 8 70 9 85 10 100

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Џиро д’Италија

Категорија:Италија во 2020 година Категорија:Светска турнеја на UCI 2020