„Везилка“ — поетска збирка на Блаже Конески, објавена во 1961 година од издавачката куќа Култура. Во неа се присоединети песните од збирките „Везилка“ и „Стерна“. По повод 100-годишнината од раѓањето Конески, збирката била повторно објавена во 2021 година од издавачката куќа Арс Ламина-публикации.Блаже Конески, Везилка. Скопје: Арс Ламина - публикации, Арс Либрис, 2021, стр. 18.
Содржина Книгата содржи вкупно 52 песни од двете збирки на Конески — „Везилка“ и „Стерна“.
Везилка Збирката „Везилка“ опфаќа 37 песни:Блаже Конески, Везилка. Скопје: Арс Ламина - публикации, Арс Либрис, 2021, стр. 5-46. „Песните“, „Везилка“, „Григор Прличев“, „Снег“, „Ѕвезди“, Без наслов (Девојче пееше на клисорот...), „Ружа“, „Заспивање“, „Виј“, „Галеб“, „Нежност“, „Разделба“, „Игранка“, „Кошмар“, „Песна“, „Тишина“, „Пролет“, „Тајна“, „Врв“, „Смеа“, „Жртва“, „Кафез“, „Река“, „Здравица“, „Од возот“, „Старата“, „Починка“, „Утро“, „Даб“, „Стебло“, „Ластовици“, „Пчелар“, „Јаглен“, „Штип“, „Дете заспано крај езеро“, „Пеперуга“ и „Јоргован“.
Стерна Во збирката „Стерна“ се содржани 15 песни:Блаже Конески, Везилка. Скопје: Арс Ламина - публикации, Арс Либрис, 2021, стр. 47-69. „Стерна“, „Одземање на силата“, „Болен Дојчин“, „Пепелашка“, „Љубов“, „Волк“, „Вљубени девојки“, „Реки“, „Тореадор“, „Урнатина“, „Проштавање од Париз“, „Девственици“, „Колумбо“, „Водно“ и „Беласица“.
Наводи
Категорија:Дела на Блаже Конески Категорија:Македонски стихозбирки Категорија:Појавено во 1961 година во Македонија Категорија:Македонски дела од 1961 година Категорија:Изданија на Култура Категорија:Изданија на Арс Ламина - публикации Категорија:Книги од 1961 година