Куќа на Бектешовци — стара куќа во градот Прилеп, прогласена за културно наследство на Македонија. мини|лево|Куќата и училиштето на разгледница од 1920-тите. Куќата е сместена во строгиот центар на градот, до основното училиште „Кочо Рацин“. Изградена е во 1923 г. на трошок од 2.000 наполеони од мајсторот Ило Дарков и неговата тајфа за богатиот прилепско трговец Петар Т. Бектеш(оски), кој само што се вратил од печалба во Америка. Подоцна комунистичката власт ја национализирала куќата, а по распадот на СФРЈ му е вратена на семејството.
Претставува величествена двокатна градба во неокласичен стил. Има голем број соби, голем салон и тавани со висина од 3,5 м. Главниот влез има коринтски столбови и широки мермерни скали, а дворот е ограден со кована железна ограда изработена од прилепски мајстори. Во 2013 г. градбата е реставрирана по цена од 3 милиони денари обезбедени од Министерството за култура.
Поврзано Културно наследство на Македонија во Општина Прилеп
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Куќи во Прилеп