Стара градска куќа — стара куќа во Скопје, редок пример за скопската народна архитектура од XIX век. Претставува една од најстарите зачувани куќи во градот. Во 2012 година, таа за последен пат била прогласена за значајно културно наследство на Македонија, под називот Куќа на ул. „Пајко Маало“ бр. 14., стр. 31 Во неа е сместен национален ресторан со истото име.
Местоположба Куќата се наоѓа на улица „Пајко Маало“ бр. 14 во истоименото Пајко Маало, Општина Центар, спроти Македонската опера и балет.
Историја Градбата била подигната во 1836 година, а во 2000 година била обновена.
Архитектура Во архитектонски поглед, ова е едносемејна традиционална куќа со двор. Градена е во лесна бондручна конструкција (дрвен скелет со полнетица од плитар), поставена врз масивни камени ѕидови. Станбените простории се на три нивоа. Двете главни нивоа имаат ист распоред на простории, а разлики има во просториите за поврзување — тремот на приземјето, застаклен чардак со платформа на катот и отворен чардак, исто така на катот.
Внатрешноста е впечатлива. Просториите се светли и пространи, опремени со долапи, миндери и дивани (вградена гарнитура), со малку подвижен мебел и богато украсени тавани и мноштво резбани детаљи.
Поврзано Културно наследство на Македонија во Општина Центар
Наводи
Надворешни врски
Страница на ресторанот
Категорија:Куќи во Скопје Категорија:Ресторани во Македонија Категорија:Македонската архитектура во 1836 година