Илов (; ) — општина во округот Аурих, во сојузната покраина Долна Саксонија, Германија. Се наоѓа околу 8 километри југозападно од окружниот град Аурих и 15 километри источно од безокружниот град Емден.

Географија Местоположба

Илов се наоѓа во јужниот дел на округот Аурих во Источна Фризија. Со површина од околу 123 км², Илов е осма најголема општина во Источна Фризија и четврта најголема во округот Аурих по окружниот град, Крумхерн и Гросефен. Главното место Иловерфен се наоѓа осум километри југозападно од окружниот град Аурих и околу 15 километри североисточно од Емден.

Општински единици

Општината се состои од дванаесет единици, кои се делат на помали места.

Единица Жители места кои припаѓаат Бангстеде 351 – Барстеде 333 Иловерфен 2.115 – Иловерхерн 1.062 Либертсфен, Хиленерфен, Вестерзандер Лудвигсдорф 947 – Охтелбур 899 – Остерзандер 815 Вене Рипе 2.160 – Рипстер Хамрих 147 – Зимонсволде 1.658 – Вестеренде-Холцлог 358 Херенхитен, Верингерхерн Вестеренде-Кирхлог 1.721 Фане, Фанстермор Вкупно 12.566 —

Соседни општини

Соседни градови и општини на Илов се (од запад, надесно) безокружниот град Емден, општината Зидброкмерланд, градот Аурих, општината Гросефен (сите во округот Аурих), како и општината Мормерланд во округот Лер.

Галерија

Наводи

Надворешни врски

Официјална страница

Категорија:Аурих (округ) Категорија:Населени места во Источна Фризија