Александар Степанулески (р. во Прилеп) — македонски театарски, филмски и телевизиски глумец. Во 2010 година, Степанулески дипломирал на Факултетот за драмски уметности во Скопје, на отсекот за актерска игра. Во 2013 година, тој се вработил во Народниот театар „Војдан Чернодрински“ во Прилеп, каде останал до 2014 година, кога преминал во Драмски театар — Скопје.

Филмографија Степанулески ги остварил филмските улоги: Година Филм Улога 2008-2010 Народни приказни ТВ-серија 2011 Трето па машко ТВ-серија Шумахер 2011 Ова не е американски филм ТВ-филм Доктор 2 2012 Блисс ТВ-филм 2013-2014 Тврдокорни ТВ-серија Даме Груев 2015 Три во едно ТВ-филм 2015 Последниот Македонец ТВ-филм Христо Чернопеев 2016-2019 Преспав ТВ-серија Режисерот 2017-2019 Фамилија Марковски ТВ-серија Љубе 2018 Година на мајмунот ТВ-филм Возачот 2019 Вера ТВ-филм Болничарот 2020 ТМ ТВ-филм 2023 Домаќинство за почетници ТВ-филм Никослав 2026 Збогум, Копакабано ТВ-филм Боби

Награди Награда за најдобар млад актер „Трајко Чоревски“ за улогата на Калигула во претставата „Калигула“ во продукција на НУ Прилепски театар, доделена на МТФ „Војдан Чернодрински“, Прилеп, 2012 Награда за главна машка улога, за улогата на Јон во претставата „Пиреј“ на МТФ „Војдан Чернодрински“, Прилеп, 2019 Награда за најдобар глумец во претставата „Кафез кај кокони“ во продукција на Драмски театар - Скопје на Фестивалот „Денови на Комедија“, Куманово, 2023 Награда за машка епизодна улога "Димче Трајковски" за улогата на Симон во претставата Мачкина глава во продукција на Драмски театар - Скопје на МТФ “Војдан Чернодрински”, Прилеп, 2026

Надворешни врски Биографија на Александар Степанулески, Драмски театар.

Наводи

Категорија:Глумци од Прилеп Категорија:Македонски филмски глумци Категорија:Македонски театарски глумци Категорија:Македонски телевизиски глумци Категорија:Апсолвенти на Факултетот за драмски уметности - Скопје