Емин Махмуд џамија (или Чингене џамија) — стара османлиска џамија во градот Охрид. Му припаѓа на Охридското муфтиство на ИВЗ и прогласена е за културно наследство на Македонија.
Џамијата е сместена Воска амамот во населбата Воска, на стариот пат за Струга, денес улица „Гоце Делчев“. Датира од XVIII век.
Градбата има неправилна осумаголна основа, при што секој ѕид има различна должина. Покривот е од ќерамиди на осум води, а од внатрешната страна има слепа купола. На северната фасада подоцна е дограден трем. Минарето е на северозападниот агол и до него се доаѓа од внатрешноста преку влезови од молитвениот простор и од махвилот. Постаменотот на минарето е направен од обработени камени блокови, а телото е изработено од тули. Целото минаре е малтерисано. И самата џамија е изградена од камен, а потоа малтерисана. Шерефето на минарето има проста метална ограда.
Михрабната ниша е обична, минберот е дрвен, а махвилот ја опфаќа целата ширина на северниот ѕид. Осветлена е со прозорци поставени во два реда на секоја страна, со исклучок на страните каде се поставени михработ и влезната врата. Во куполата има цветни украси, а околу прозорците, влезот и махвилаот има обраби.
Поврзано Културно наследство на Македонија во Општина Охрид
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Знаменитости во Охрид Категорија:Исламски споменици на културата во Македонија Категорија:Џамии во Охрид Категорија:Отомански џамии во Македонија Категорија:Џамии во Охридското муфтиство