Морбијан — департман во административниот регион Бретања, сместен во северозападниот дел на Франција. Именуван е по Морбијан (мало море на бретонски), затвореното море кое е главна одлика на крајбрежјето. Забележан е по Карнакските камења, кои датираат од пред споменикот Стоунхенџ во Вилтшир, Англија и и се пообемни од него.

Три главни воени образовни објекти се сместени во Гер, вклучително и Специјалната воена школа во Сен-Сир (École Spéciale Militaire de Saint-Cyr), националната воена академија за офицери.

Историја Морбијан е еден од оригиналните 83 департмани создадени на 4 март 1790 година за време на Француската револуција. Создаден е од дел на Војводството Бретања.

Во 1945 година кадетите од Специјалната воена школа во Сен-Сир, најголемата француска воена академија за офицери, била преместена во Гер. Ова било направено со цел да ја вклучи и Меѓуармиската воена школа (École militaire interarmes), за подофицери; и Воената школа за технички и административен корпус (École Militaire du Corps Technique et Administratif).

Географија Морбијан, дел од регионот на Бретања, е опкружен со департманите Финистер, Арморските Брегови, Ил и Вилен и Атлантска Лоара и Атлантскиот Океан на југозапад.

Заливот Морбијан има многу острови: 365 според легендата. Има всушност меѓу 30 и 40, во зависност од тоа како се бројат. Има и многу островчиња кои се премали за каков било развој. Од овие острови, сите освен два се во приватна сопственост: Ил-о-Моан и Ил д'Арз. Сопствениците на другите вклучуваат филмски ѕвезди, модни дизајнери и други богатиши.

Во департманот Морбијан, но надвор од заливот, има четири населени острови:

Бел Ил Гроа Уа Оедик

Меабан, остров веднаш надвор од Пор ди Круести, е орнитолошки резерват. Таму се забранети посетители.

Најголемите градови во Морбијан се Ван и Лорјан.

Уметност и култура Многу жители го поддржуваат одржувањето и употребата на бретонскиот јазик, а има и бројни поборници за двојазично образование.

Сликарот Ремон Винц (1884–1956) ги насликал местата околу Морбијанскиот Залив.

Управување Од 2014 година, префект на Морбијан е Жан-Франсоа Сави, претходно раководител на префектурите Ардени и Горни Алпи.

Политика

Сегашни претставници во Националното собрание Изборна единица Член 1-ва изборна единица на Морбијан Ерве Пелоа Републиката напред! Втора изборна единица на Морбијан Жими Паен МоДем 3-та изборна единица на Морбијан Никол Ле Пеи Републиката напред! 4-та изборна единица на Морбијан Пол Молацк Републиката напред! 5-та изборна единица на Морбијан Гвендал Рујар Републиката напред! 6-та изборна единица на Морбијан Жан-Мишел Жак Републиката напред!

Туризам Карнакски камења, мегалитски појаси на Карнак, се наоѓаат во Морбиjан. Туристичка канцеларија на Оре

Поврзано Кантони во департманот Морбијан Општини во департманот Морбијан Арондисмани во департманот Морбијан

Наводи

Надворешни врски (in French) Prefecture website (in French) General Council website (in English) (in French) Cultural Heritage (in French) Tourism website (in English) Hiking in Morbihan

Категорија:Држави и територии настанати во 1790 година Категорија:Департмани во Бретања Категорија:Морбијан Категорија:Координати на Википодатоците