Зграда на „Вардар филм“ — зграда во Скопје во која е сместена националната филмска установа и прогласена е за културно наследство на Македонија.

Описан Зградата е изградена во 1974 година за филмското студио „Вардар филм“. Сместена е на ул. „8-ми Март бр. 4“ во населбата Дебар Маало, Општина Центар. Се состои од подрум, приземје и кат. Во неа се сместени технолошки одделенија, т.е. сали за кинопроизводство (тонска обработка, синхронизација и монтажа на слика и звук), работни простории, простории за чување на филмски материјал и филмска документација.

Поврзано Културно наследство на Македонија во Општина Центар

Наводи

Вардар филм Категорија:Појавено во 1974 година во Македонија