Долни Дабје — археолошко наоѓалиште во велешкото село Скачинци. Претставува населба од доцноантичкото време. Во непосредната близина на селото, по површината на нивите се среќаваат фрагменти од керамички садови, многу градежен материјал и питоси. При обработувањето на земјата биле откриени и ѕидови од повеќе градби. Наодите се чуваат во Музејот на Македонија во Скопје.

Поврзано Врчва — населба од доцноантичкото време; Кале — градиште од доцноантичкото време; Скачинци; Список на археолошки наоѓалишта во Велешко; Список на средновековни некрополи во Македонија.

Наводи