Томас Вилијам Шапкот AO (; р. () — австралиски поет, романописец, драматург, уредувач, либретист, раскажувач и учител.
Животопис
Роден е во Ипсвич, Квинсленд каде и учи заедно со својот брат-близнак, роден еден ден пред него. Интересно е тоа што иако Томас е леворак, неговиот брат е деснак.
Првиот уметнички импулс во него е музичкиот - сака да стане композитор. Уште пред да наполни 19 години, веќе има искомпонирано неколку дела, но се откажува од музиката кога ќе открие дека еден негов жичен квартет, потсвесно плагијаризирал едно дело на Ернест Блох Џејсон Стегер, Убави желби од Патрик Вајт: $20,000 награда за човекот од писма, Sydney Morning Herald, 11 ноември 2000, стр. 5.. Потоа работи како даночен службеник, позиција на која ќе остане во следните 27 години.
Директор е на Одборот за Литература седум години, а извршен директор на Националниот Совет за книги во периодот од 1992-97. Професор е по творечко пишување на универзитетот во Аделаида.Епохата, источно издание, 25-26 март 2005, Рецензија, стр. 16.
Има напишано 15 збирки поезија и 6 романи.
Во 1989 година го добива Златниот венец на Струшките вечери на поезијата, а во 2000 се закитува со највисокото литературно признание во Австралија - Наградата на Патрик Вајт.
Избрани дела
Збирки поезија Time on Fire („Време на Огнот“) The Mankind Thing („Човечкото нешто“) Shabbytown („Напуштен град“) Calendar („Календар“) In the Beginning („На почетокот“) Chekhov's Mongoose („Мунгосот на Чехов“; преведена и како „Гуската на Чехов“) Spirit Wrestlers („Борачи на духот“)
Романи White Stag of Exile („Белиот мажјак на егзилот“) Mona's Gift („Подарокот на Мона“)
Наводи
Надворешни врски Томас Шапкот на Блесок, заедно со преводот на два негови раскази: Бегалец и Затворање на банката. Биографија на Томас Шапкот на страницата на Brisbane Writers Festival.
Категорија:Австралиски поети Категорија:Австралиски писатели Категорија:Добитници на Златен венец на Струшките вечери на поезијата