Малахитот е минерал од бакар карбонат хидроксид, со формулата Cu2CO3(OH)2. Овој непроѕирен минерал, со зелени ленти/линии, кристализира во моноклиничкиот кристален систем и најчесто формира ботриоидни, влакнести или сталагмитски маси, во фрактури и во длабоки подземни простори, каде што водната маса и хидротермалните течности обезбедуваат средства за хемиски врнежи. Поединечните кристали се ретки, но се јавуваат како тенки, ацикуларни призми. Пседоморфи се појавуваат по повеќе коцкести кристали - азурит.Malachite.
Етимологија и историја лево|мини| Влезот во комплексот рудник за малахит од неолитот на Големиот Орме, Велс Името на каменот потекнува од грчкиот збор Μολοχίτης λίθος molochites lithos, што значи „слезово-зелен камен“, од μολόχη molochē, варијанта на μαλάχη malāchē, „слез“.Malachite, Dictionary.com Минералот го добил ова име поради неговата сличност со листовите на слезот.
Малахитот бил интензивно ископуван од големите рудници „Орме“ во Британија пред 3.800 години, користејќи камени и коскени алатки. Археолошките докази покажуваат дека рударската дејност завршила во околу 600г. п.н.е, при што до 1.760 тони бакар биле произведени од ископаниот малахит.
Археолозите докажале дека минералот бил ископуван и топен за да се добие бакар, во долината Тимна во Израел повеќе од 3.000 години.Parr, Peter J. (1974). Оттогаш, малахитот почнал да се користи и како украсен и скапоцен камен.
Појава лево|мини| Малахит во ѕидовите на стариот рудник на Аутокумпу. Малахитот често произлегува од атмосферските влијанија на супергените и оксидацијата на примарните сулфидни бакарни руди, и често се наоѓа со азурит (Cu3(CO3)2(OH)2), гетит и калцит. Освен неговата живописна зелена боја, својствата на малахитот се слични на оние на азуритот и често се појавуваат агрегати на двата минерали. Малахитот е почест од азуритот и обично е поврзан со бакарни наслаги околу варовниците, изворот на карбонатот.
Големи количества малахит се ископани во Урал, Русија. Уралскиот малахит не се ископува во моментов, но Г.Н. Вертушкова известува за можното откривање на нови наоѓалишта на малахит на Урал.Somin, L. M. Тайны седого Урала. Малахит . oldrushistory.ru Го има низ целиот свет вклучително и во Демократска Република Конго; Габон; Замбија; Цумеб, Намибија; Мексико; Нов Јужен Велс; Бура, Јужна Австралија; Лион, Франција; долина Тимна, Израел; и југозападниот дел на САД, особено во Аризона.Mindat map with over 8500 locations. mindat.org
Структура Малахитот се кристализира во моноклиничкиот систем. Структурата се состои од синџири на наизменични Cu2+ јони и OH− јони, со нето позитивен полнеж, вткаени помеѓу изолирани триаголни CO32− јони. Така, секој бакарен јон е конјугиран со два хидроксилни јони и два карбонатни јони; секој хидроксилен јон е конјугиран со два бакарни јони; а секој карбонат јон е конјугиран со шест бакарни јони.
Употреба лево|мини| Погребната маска на Црвената кралица од Паленке е направена од мозаик од малахит. Малахитот се користел како минерален пигмент во зелените бои од антиката до1800г.Gettens, R.J. and Fitzhugh, E. W. (1993) "Malachite and Green Verditer", pp. 183–202 in Artists’ Pigments. Пигментот не станува блед кога е во контакт со светлина, но чувствителен е на киселини. Оваа природна форма на зелен пигмент е заменета со неговата синтетичка форма, вердитер, меѓу другите синтетички зелени.
Малахитот се користи и за украсни цели, како на пример во Малахитната соба во музејот Ермитаж, во која се наоѓа огромна вазна со малахит, и Малахитната соба во Кастиљо де Чапултепек во Град Мексико. Друг пример е вазната Демидов, дел од поранешната колекција на семејството Демидов, а сега во Метрополитниот музеј на уметноста.Monumental vase lapidary work: early 19th century; pedestal and mounts: 1819 Metropolitan Museum of Art.
„Таза“, голема вазна од малахит, едно од најголемите парчиња малахит во Северна Америка и подарок од царот Николај Втори, стои како фокусна точка во центарот на просторијата на библиотеката Линда Хол. Во времето на царот Николај I украсните парчиња со малахит биле меѓу најпопуларните дипломатски подароци.
Малахитот се користел и во Кина уште од периодот на Источниот Жоу.
Симболизам и суеверија Едно шпанско суеверие од 17 век, сметало дека ако детето носи ромб од малахит ќе му помогне да заспие и ќе ги задржи злите духови подалеку.The Illustrated Book of Signs and Symbols by Miranda Bruce-Mitford, Dorling Kindersley Limited, London, 1996, p. 41 Марбодус го препорачал малахитот како талисман за младите поради неговите заштитни својства и неговата способност да помогне при спиењето.The Book of Talismans, Amulets and Zodiacal Gems, by William Thomas and Kate Pavitt, , p. 254 Историски се носел и за заштита од гром и заразни болести и за здравје, успех и постојаност во љубовта. Во средниот век било вообичаено да се носи врежано со фигура или симбол на Сонцето за да се одржи здравјето и да се избегне депресијата на која Јарците се сметале за ранливи.
Во древниот Египет зелената боја (wadj) била поврзана со смртта и моќта на воскресението, како и со новиот живот и плодноста. Древните Египќани верувале дека задгробниот живот содржи вечен рај, наречен „Полето на Малахит“, кој личи на нивните животи, но без болка или страдање.
Употреба на руда мини|Пример за бакарна грутка Едноставните методи за екстракција на бакарна руда од малахит вклучуваат термодинамички процеси како што е топењето. Оваа реакција вклучува додавање на топлина и на јаглерод, предизвикувајќи карбонатот да се распаѓа, оставајќи бакар оксид и дополнителен извор на јаглерод, како што е јагленот и го претвора бакарниот оксид во бакар метал.
Основната равенка за оваа реакција е:
Бакар карбонат + топлина → јаглерод диоксид + бакар оксид (бојата се менува од зелена во црна).
Бакар оксид + јаглерод → јаглерод диоксид + бакар (промена на бојата од црна во бакарна боја).
Малахитот е бакарна руда со низок степен, меѓутоа, поради зголемената побарувачка за метали, се користи поекономична обработка како што се хидрометалуршки методи (со употреба на водени раствори како сулфурна киселина), бидејќи малахитот е лесно растворлив во разредени киселини. Сулфурната киселина е најчесто употребувано средство за филтрирање на руди од бакар оксид како што е малахитот и се употребува за да ја елиминира потребата од процеси на топење.
Здравствени и еколошки грижи Ископувањето на малахит за украсни или бакарни руди вклучува ископување на отворен коп или подземно ископување, во зависност од степенот на рудните наоѓалишта. Површинските и подземните рударски техники можат да предизвикаат деградација на животната средина преку губење на живеалиштата и биолошката разновидност. Одводнувањето на киселите рудници може да ги загади водата и изворите на храна и негативно да влијае на човековото здравје ако неправилно се управува или ако дојде до истекување од јаловината.
Ризикот да има влијание врз здравјето и животната средина и од традиционалната металургија и од поновите методи на хидрометалургија е значајен.
Сепак, практиките за зачувување на водата и за управувањето со отпадот за хидрометалуршките процеси за екстракција на руда, како што е малахитот, се построги и релативно поодржливи. Новите истражувања се спроведуваат и за подобри алтернативи на тие техники, како што е лужењето со сулфурна киселина кое има високи влијанија врз животната средина, дури и според стандардите за регулација на хидрометалургијата и иновациите.
Галерија
Поврзано
Авентурин Брошантит Хрисокола Диоптаза Список на неоргански пигменти Планхеит Псевдомалахит Вердигрис
Наводи
Надворешни врски
Виртуелна обиколка на собата Малахит Малахит, Колорлекс Малахит во уметноста и малахитната дипломатија
Категорија:Моноклински минерали Категорија:Скапоцени камења Категорија:Карбонатни минерали Категорија:CS1: долга вредност за volume